Тристан да Куња
Тристан да Куња Tristan da Cunha |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Нашата вера е наша сила“ „Our faith is our strength“ |
||||||
Химна: „Боже, чувај го Кралот“ |
||||||
Локацијата на Тристан да Куња во Атлантскиот Океан.
|
||||||
Главен град | Единбург на Седумте Мориња 37°4′S 12°19′W / 37.067° ЈГШ; 12.317° ЗГД | |||||
Најголем најголема населба | Главен град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Тристански | |||||
Дел од | Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња | |||||
Лидери | ||||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
Основана | ||||||
• | Населен во | 1810 | ||||
• | Дел од колонијата ’Рт на Добра Надеж (на ОК) | 14 август 1816[1] | ||||
• | Дел од Света Елена | 12 јануари 1938 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 207 км2 | ||||
• | Главен остров | 98 км2 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2015 | 302 | ||||
• | Густина | 1.4 жит/км2 | ||||
Валута | Британска фунта (£) (GBP ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | немаa | |||||
Повик. бр. | +290 | |||||
а. | се користат .sh или .uk. Поштенски број: TDCU 1ZZ |
Тристан да Куња (англиски: Tristan da Cunha, португалски: Tristão da Cunha) — група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2816 километри од Јужна Африка и 3360 километри од Јужна Америка. Административно, острвите се дел од британските прекоморски територии Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Територијата се состои од главниот остров Тристан да Куња, со површина од 98 км2, како и од неколку ненаселени острови како што се Непристапниот Остров (10 км2) и Славеевите Острови (1,8 км2). На оваа територија припаѓа и островот Гоф (91 км2), 395 километри југоисточно од Тристан) на кое е поставена метеоролошка станица.
Историја
[уреди | уреди извор]Островот првпат бил откриен од страна на португалскиот морепловец Тристан да Куња во 1506 година. Главиот остров го именувал според своето име(португалски: Ilha de Tristão da Cunha).
Во 1815 година Обединетото Кралство ги припоило овие острови и со нив владеело преку колонијата ’Рт на Добра Надеж во Јужна Африка. Од 1938 година, островите се придружни територии на Света Елена а од 2009 година е дел од прекуморската територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Вулканската ерупција во 1961 година го натерала скоро целото население на евакуација во Англија, во воената база близу Саутхемптон. Поголемиот дел од жителите се вратиле на островот во 1963 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Crawford, Allan (1982). Tristan da Cunha and the Roaring Forties. Charles Skilton. стр. 20. Посетено на 13 August 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тристан да Куња“ на Ризницата ? |
|