Тајната книга
| „Тајната книга“ | |
плакат од филмот |
|
| Режирано од | Владо Цветановски |
|---|---|
| Продуцент | КТВ Медија Димитар Николов |
| Сценарист | Јордан Плевнеш Љубе Цветановски |
| Настапуваат | Тјери Фремон Жан-Клод Карие Владо Јовановски Мето Јовановски Ѓорѓи Јолевски Лабина Митевска |
| Премиера | 2006 |
| Времетраење | 93 мин |
| Држава | |
| Јазик | Македонски Француски |
Тајната книга е македонски филм во холандско-француска копродукција [1] во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тиери Фремон, Жан-Клод Карие, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнува во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна[2].
Содржина |
Содржина [уреди]
Приказната за филмот е базирана врз потрагата по „Тајната Книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната Книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на Богомилското верување, познато исто така и како Катаризам. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северо-запад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како Катари) ја оформуваат својата нова татковина.
Локации на снимањето [уреди]
Снимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:
- Регионот на Битола и Преспанско Езеро - Македонија
- Балчик - Бугарија
- Париз и Каркасон - Франција
Улоги [уреди]
Исклучителните актери дадоа нивен особен печат на овој филм кој беше подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.
- Жан-Клод Карие - Пјер Рејмон
- Тјери Фремонт - Шевалие
- Владо Јовановски - Бигорски
- Лабина Митевска - Лидија
- Ѓорѓи Јолевски - Непознатиот
- Мето Јовановски - Отец Андреј
- Кирил Ристевски - Легионерот
- Владимир Светиев - Американецот
- Петар Мирчевски - Гулабарот
- Александар Чамински - Таксистот
- Петар Темелковски - Старецот
- Јоана Поповска - Хотелиерката
- Димитар Зози - Чуварот
- Арна Шијак - Сребренокосата
- Владимир Талевски - Пијанистот
- Илија Плевнеш - Момчето
- Елена Трајковска - Пејачката
- Јохана Николова - Девојчето
- Мими Таневска - Мајката
Види исто така [уреди]
Белешки [уреди]
- ↑ „Падна првата клапа на „Тајната книга““. А1 телевизија. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=7809. проверено на 2008-09-15.
- ↑ Александра Бубевска. „Претпремиерно беше прикажан „Тајната книга““. А1 телевизија. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=66032. проверено на 2008-09-15.
Надворешни врски [уреди]
- Тајната книга на Интернет Филмската База на податоци.
- Кан, Катаризмот и заверата - рецензија на Фијакра Гибонс за Гвардијан.
|
|||||||