Тале
| Тале | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Харц |
| Градоначалник | Томас Балцеровски (CDU) |
| Основни податоци | |
| Површина | 138 км2 |
| Надм. височина | 156 м |
| Население | 18.878 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 137 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HZ |
| Пошт. бр. | 06502 |
| Повик. бр. | 03947, 03946, 039456 |
| Портал | www.thale.de |
| Местоположбата на град Тале во рамките на округот Харц | |
| Координати | |
Тале (германски: Thale) е град во округот Харц во Саксонија-Анхалт во централна Германија.
Содржина |
Географија [уреди]
Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.
Историја [уреди]
Населбата Тале, веројатно се појавила во 10 век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседната Опатија Вендхузен, која, била основана пред 840 и била една од првите опатии на саксонска земја. Во периодот кој следи, опатијата нашла заштита од опатијата Кведлинбург. Селото било опишано во 1231, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Опатијата била уништена во 1525, во текот на Германската селанска војна.
Припојувања на други села [уреди]
Варнштет бил припоен во 2003.[2][3] Во 2009, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми.[4] Вестерхаузен бил додаден во 2010.[5] Алроде станал дел од општината Тале во 2011.[6]
| Поранешна општина | Датум |
|---|---|
| Алроде | 1 јануари 2011 |
| Алтенбрак | 1 јули 2009 |
| Фридриксбрун | 23 ноември 2009 |
| Најнштет | 1 јануари 2009 |
| Штекленберг | 23 ноември 2009 |
| Трезебург | 1 јули 2009 |
| Варнштет | 21 декември 2003 |
| Ведерслебен | 1 јануари 2009 |
| Вестерхаузен | 1 септември 2010 |
- Површина на општината Тале
| Датум | Површина |
|---|---|
| 21 декември 2003 | 38,13 км2 |
| 1 јануари 2009 | 50,13 км2 |
| 1 јули 2009 | 78,47 км2 |
| 23 ноември 2009 | 102,79 км2 |
| 1 септември 2010 | 120,21 км2 |
| 1 јануари 2011 | 137,62 км2 |
Историја на населението [уреди]
Растот на населението (од 1995, бројките се однесуваат од 31 декември)[7]:
|
|
Политика [уреди]
Градски совет [уреди]
Според официјалните резултати од изборите за градскиот совет Тале на 7 јуни 2009; Учество на гласачите: 42,88 %.
- ЦДУ – 59,2 %, 17 места
- Левица – 13,3 %, 4 места
- ФДП – 8,2 %, 2 места
- СПД – 7,4 %, 2 места
- Зелените – 4,9 %, 3 места
- Изборна група – 4,1 %, 1 место
Грб [уреди]
Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).
Партнерства [уреди]
Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.
Култура и места на интерес [уреди]
Музеи [уреди]
Згради [уреди]
- Поранешната Опатија Вендхузен, потекнувајќи од каролиншкиот период
- Хотел Ценпфунд, изграден во 1863 и некогаш најголемиот летен хотел во Германија
- Црква Свети Петар, завршена во 1906
- Римокатоличката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kirche), завршена во 1910 и 1911
- Прекрасната ветерница во селото Варнштет
Други културни места [уреди]
- Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“)
- Харц Планински театар, Тале
- Див животински парк (Tierpark)
- Зомероделбан
- Бау-Шпил-Хаус
- Забавен парк
- Централен театар (кино)
- Стражарница Хомбург (Homburgswarte)
Природни споменици [уреди]
- Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина.
- Тојфелсмауер - во близина на селата Ведерслебен и Варнштет, се наоѓа Тојфелсмауер („Ѕид на ѓаволот“), еден од најстарите природни резервати во Германија.
- Патека Вештерки Харц - патеката Вештерки Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.
Медиум [уреди]
Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.
Наводи [уреди]
- ↑ „Население на општините по окрузи“ (на германски). „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. 31 декември 2011. http://www.statistik.sachsen-anhalt.de/download/stat_berichte/6A102_hj_2011_02.pdf.
- ↑ Биро за статистика Саксонија-Анхалт со регионалните реформи 1994-2007
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2003
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2009, 1-ва и 2-ра листа
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2010
- ↑ СтБа: Промени во општините на Германија, види 2011
- ↑ Содржи податоци од 1939
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||