Вернигероде
| Вернигероде | |
| Поглед од замокот Вернигероде над градот кон Брокен во зима. | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Харц |
| Градоначалник | Петер Гаферт |
| Основни податоци | |
| Површина | 170 km2 (66 sq mi) |
| Надм. височина | 240 m (787 ft) |
| Население | 35.041 (31 декември 2008) |
| - Густина | 206 /km2 (534 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HZ |
| Пошт. бр. | 38855, 38879 |
| Повик. бр. | 03943, 039455 |
| Мреж. место | www.wernigerode.de |
| Местоположбата на град Вернигероде во рамките на округот Харц | |
Вернигероде (германски: Wernigerode) е град во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија. До 2007, бил главен град на округот Вернигероде.
Вернигероде се наоѓа југозападно од Халберштат, и е прекрасно сместен на реката Холтеме, на северните делови од планините Харц. Вернигероде се наоѓа на германскиот Фахверк пат.
Содржина |
[уреди] Историја
Вернигероде бил главен град на средновековното Грофство Вернигероде и Штолберг-Вернигероде. Во 1815, по наполеоновите војни, станал дел од пруската Провинција Саксонија. Пиварницата Хасередер била основана во Вернигероде во 1872.
По Втората светска војна, Вернигероде била вклучена во новата покраина Саксонија-Анхалт. Во текот на времето на комунистичка Источна Германија, градот бил многу близок до внатрешната германска граница. Вернигероде станал дел од обновената покраина Саксонија-Анхалт во 1990, по повторното обединување на Германија.
[уреди] Географија
[уреди] Локација
Градот се наоѓа на околу 250 метри надморска височина на североисточниот дел на планините Харц во централниот дел на Германија, во подножјето на нивниот највисок врв, Брокен, на Б 6 и Б 244 сојузните автопати и на железничката линија од Халберштат до Виненбург, која ги поврзува градовите Хале (Зале) и Хановер.
Реката Холтеме тече низ градот и не толку далеку од западната порта, ѝ се придржува потокот Цилирбах, која е познат и како Флутрене во близина на изворот. Северно од градот, тече Баренбах низ неколку езерца и празнини во Холтеме во селото Минслебен. Историскиот градски центар се состои од Алтштат и нов град (Altstadt и Neustadt). Градскиот округ ги вклучува Хасероде, Нешенроде, резиденцијалните населби Штатфелд, Бургбрајте и Харцблик како и селата Бенцингероде, Минслебен, Зилштет, Ширке и Редебер.
Округот има 9,5 километро од запад кон исток и 6 километри од север кон југ. Неговата највисока точка е Брокен, на 1.141 метар надморска височина, како и најниската на 215 метри.
Градот лежи на германско-холандскиот празничен пат, познат како Портокалов Пат.
[уреди] Архитектура
Вернигероде поседува неколку интересни готски згради, вклучувајќи го и градското собрание со дрвена фасада од 1498 година. Некои од чудните стари куќи, кои ги избегнале бројните пожари низ години се детално украсени со резба. Гимназијата Герхарт Хауптман,[1] која е сместена во модерна готска зграда, е наследник на древната граматичка школа, која постоела до 1825. Бренди, Хасередер лагер, пури и боила се само дел од производите кои се произведуваат тука. Замокот (Schloß Wernigerode) на принцовите од Штолберг-Вернигероде се издигнува над градот. Првичниот бил изграден во 12-о век, но сегашниот замок бил изграден помеѓу 1862 и 1893 од Карл Фрилинг и вклучува делови од средновековната зграда.
[уреди] Знаменитости
Харцер Шмалшпурбан е железница со тесни колосеци, која води од Вернигероде до Брокен (1.141 м), највисокио врв на планините Харц, а потоа оди до Нордхаузен до јужниот дел на Харц. Вториот највисок врв, Вурмберг (971 м), е достапен преку жичарницата од Браунлаге, која е поврзана со автобус до Вернигероде. Вернигероде има бројни музеи, галерии, библиотеки, споменици и паркови.
[уреди] Култура
Вернигероде е дом на хорот Рундфунк-Југендхор Вернигероде.
Вернигероде е познат по легендарниот настап на The Honkey Sandwich во јули 1998, настапувајќи како The Big Foot High School Jazz Band.
[уреди] Спорт
Вернигероде е домаќин на маратонот Брокен секој октомври.
[уреди] Луѓе од Вернигероде
- Нилс Петерсен, играч на Баерн Минхен
[уреди] Меѓународни односи
Вернигероде е збратимен со:
Карпи (Италија), од 1964
Киснадије, (Романија), од 2002
Нојштат ан дер Вајнштрасе (Германија), од 1998
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вернигероде“ |
|
|||||||
|
|||||||