Илзенбург

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Илзенбург
Илзенбург околу 1900
Илзенбург околу 1900
Грбот на Илзенбург
Илзенбург во рамките на Германија
Илзенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градски единици 4
Градоначалник Денис Лефке (ЦДУ)
Основни податоци
Површина 63 km2 (24 sq mi)
Надм. височина 267 m  (876 ft)
Население 9.905  (31 декември 2008)
 - Густина 157 /km2 (407 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38865–38871
Повик. бр. 039452, 03943
Местоположбата на град Илзенбург во рамките на округот Харц
Карта

51°52′0″N 10°41′0″E / 51.866667°N 10.683333°E / 51.866667; 10.683333

Илзенбург е град во округот Харц, во Саксонија-Анхалт во Германија. Се наоѓа во северното подножје на планините Харц, на влезот на долината Илзетал (Ilsetal) на малата река Илзе, притока на Окер, околу 9,7 километри северозападно од градот Вернигероде. Ги добил градските права во 1959. Поради своето опкружување на шуми и планини, како и неговата местоположба на работ на националниот парк Харц, Илзенбург е популарно туристичко место.

Содржина

[уреди] Историја

Стариот замок, Schloss Ilsenburg, се наоѓа на висока карпа над градот, бил првично царско упориште и веројатно изграден од кралот Хенри I. Во 995, императорот Ото III живеел во Elysynaburg, кој Хенри II го доделил во 1003 на бискупот од Халберштат, кој го претворил во бенедиктански манастир. Школата уживала голем углед до крајот на 11-от век. Опатијата била конечно уништена за време на германската селанска војна во 1525.

По Реформацијата, замокот припаднал на грофовите од Вернигероде, кои го обновиле и го направиле нивна резиденција кон крајот на 1710. Сепак, високо, на работ на платото се издига Илзенштајн, гранитен врв на околу 150 метри над долината, крунисан со железен крст поставен од грофот Антон фон Штолберг-Вернигероде во спомен на неговите пријатели кои паднале во текот на наполеоновите војни 1813-1815. Околу оваа карпа кружат голем број на легенди.

[уреди] Места на интерес

Езерце со пастрмки

[уреди] Сообраќај

Илзенбург има пристап до автопатот 6, сојузен автопат кој води од Гослар и автопатот 395 до Хале и автопатот 14.

На железничката станица, железничкиот сообраќај е достапен до Финенбург и Хановер, како и до Хале и Берлин преку Regional-Express-возовите на Германски железници и возовите на Веолиа.

[уреди] Меѓународни односи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици