Седум врвови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Седум врвови се наоѓа во Свет
Макинли
(6.194 м)
Монблан
(4.810 м)
Елбрус
(5.642 м)
Килиманџ.
(5.895 м)
Аконкагва
(6.961 м)
Винсон
(4.892 м)
Кошќушко
(2.228 м)
Карта на седумте врвови (или девет, зависно сметањето)

Седум врвови (англиски: Seven Summits) — збирен поим за највисоките планини на секој од седумте континенти на светот. Искачувањето на сите нив се смета за голем предизвик во планинарството. Прв нивен освојувач бил Ричард Бас, кој ги искачил сите на 30 април 1985 г.[1]

Басов и Меснеров список[уреди]

Првиот список на седум врвови го осмислил самиот Ричард Бас („Басов список“), одбирајќи ја Кошќушко за највисока планина во Австралија (2.228 м). На ова се надоврзал познатиот алпинист Рајнхолд Меснер („Меснеров список“), заменувајќи го Кошќушко со Пунчак Џаја (4.884 м) во Индонезија. Монблан е отсутен од двата списока. Меснеровиот се смета за потежок за искачување бидејќи Пунчак Џаја (Карстенсова Пирамида) е вистински планинарски предизвик, додека пак Кошќушко се искачува по благи стрмнини.


Седум врвови (подредени по височина)
Врв Бас Меснер Надм. вис. Истакнатост Континент Венец Земја Прво
освојување
Монт Еверест 8.848 м 8.848 м Азија Хималаи Непал / Кина 1953
Аконкагва 6.961 м 6.961 м Јужна Америка Анди Аргентина 1897
Макинли 6.194 м 6.144 м Северна Америка Алјаски Венец САД 1913
Килиманџаро 5.895 м 5.885 м Африка Танзанија 1889
Елбрус 5.642 м 4.741 м Европа Кавказ Русија 1874
Винсон 4.892 м 4.892 м Антарктик Сентинел 1966
Пунчак Џаја 4.884 м 4.884 м Океанија Судирман Индонезија 1962
Кошќушко 2.228 м 2.228 м Австралија Големи Разводни Планини Австралија 1840

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]