Развитие (просветно друштво)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Развитие е културно-просветно друштво основано од скопското граѓанство со цел спротистваување на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија [1].

Основање[уреди | уреди извор]

Во текот на Руско-турската војна во Скопје било формирано просветното друштво Развитие. Меѓутоа поради поради негативниот став кон османлиската власт ова Друштво со својата работа престанало да постои но во март 1880 година повторно било обновено.

Устав[уреди | уреди извор]

На 21 мај (стар стил) бил донесен уставот на Развитие, а во овој устав биле определени и целите на самото друштво:

1) Да се потикне народната просвета заради културно-просветно издигање на народните маси.
2) Да се негуваат добрите обичаи и да се чува традицијата преку посебни форми на дејност.
3) Да се чуваат православните традиции од посегањето на разните верски и други пропаганди.
4) Да се помагаат бедните ученици ос учебници и други учебни помагала, а во училиштата да се назначуваат месни учители, отомански поданици.

За да се постигнаат овие средства Друштвото се надевало на даренија од скопското граќанство што се собирале еднаш годишно на денот на Светите Седмочисленици (Кирил, Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Горазд и Сава) [2].

Ваквиот устав бил прифатен од страна на Егзархијата меѓутоа таа побарала да се избрише членот 4 од уставот бидејќи:

испраќањето на учители и други просветни и раководни кадри од Бугарија е наметната потреба поради недостсток на такви кадри во Македонија

Меѓутоа тоа било само делумно точно. Во уставот на Развитие се :

појавува стремежот на македонската граѓанска класа да го одгледува својот мајчин македонски јазик и отпорот (кон б.н) големобугарската пропаганда спроведувана од Бугарската егзархија за уништување на сите етнички македонски белези, а во прв ред на македонскиот јазик [1]

Поделба[уреди | уреди извор]

Постепено во самото Друштво дошло до поделба и расправии меѓу т.н Стари и Млади. Првите биле поклоници на Егзархијата и како такви ја поддржувале нејзината црковно - просветна дејност додека пак вторите се залагле за самобитноста на Македонија.

Од овие борби, во 1884 година како победници излегле т.н Млади и Друштвото зазело нов курс во својата дејност, бил напуштен постојнот уставот и друштвото постепено се политизирало.

Барање[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 1885 година, Друштвото донело резолуција во која:

од Високата порта се бара давање политичка и културна автономија на Македонија според член 23 од Берлинскиот конгрес [3]

Во резолуцијата било предвидено да се побара и покровителство од Австроунгарија пред Високата Порта. Резолуцијата му била дадена на австрискиот конзул од Скопје, а тој на 2 февруари 1885 ја пратил на својата влада без препорака [3].

Егзархијата негодувала поради резолуцијата истакнувајќи дека таквиот чекор и нанесува штета на Турција, од една страна, и ја навредува Русија, единствениот пријателна бугарскиот народ во Македонија, од друга страна [4].

Растурање[уреди | уреди извор]

Високата порта издала наредба на косовскиот валија да го растури Развитие со изговор дека турската влада е навредена од барањето за мешање на странска сила во внатрешните работи на државата. Турските власти уапсиле тројца гимназиски учители и Развитие било растурено.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Прот. екз. п., 1882, бр. 29 од 11 февруари 1882
  3. 3,0 3,1 Staats Archiv Wien Pol. arhiev XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 256. Изв. бр. 19 од 22 февруари 1885. Прилог: Резолуција на Просветното друштво Развитие
  4. Дневник на екз. Йосиф I, тетр. II, од 4 февр. 1885, с. 87