Висока порта

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Висока Порта)
Прејди на: содржини, барај

Високата порта или само порта (турски: Bab-ı Ali) е термин со кој се означувал диванот во Отоманската Империја, во кој се спроведувала отоманската политика. Терминот се користил во дипломатски контекст од страна на западните земји, бидејќи нивните дипломати биле буквално пречекивани пред портите на диванот. За време на Хуриетот, функциите на диванот биле заземени од страна на поети од императорската влада и портата започнала да се нарекува како Министерство за надворешни работи.