Опсада на Кроја (1450)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Кроја
Дел од Османлиски војни во Европа
Kruja.jpg
Кројска тврдина
Датум Од 14 мај[1] 23 ноември 1450[2]
Место Кроја, Албанија
Исход Албанска победа
Завојувани страни
StemaeFamiljesKastrioti2.GIF Лешка лига Flag of the Ottoman Sultanate (1299-1453).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Скендербег; Врана Конти Мурат II; Принц Мехмед
Сила
8,000 војници, од кои една четвртина пешадија;[3] 1,500[4] до 4,000[5] под команда на Конти[5] 100,000[1] до 160,000 војници;[3] десет топови[6][7]
Жртви и загуби
1,000 убиени или повредени[8] 20,000 жртви во опсадата,[9][10] многу повеќе по бегството на Мурат од Албанија[11]

Првата опсада на Кроја се случила во текот на 1450 година кога Османлиската војска која броела околу 100.000 војници го опседнала градот Кроја во Албанија. Опсадата на Османлиската империја била неуспешна. Во битката биле убиени околу 20.000 османлиски војници. По неуспешниот обид, султанот Мурат II наредил повлекување, заедно со неговиот син, идниот султан Мехмед II, во неговата престолнина Едрене. Набргу потоа, султанот Мурат починал.

Позадина и опсада[уреди]

По неколкуте неуспешни инвазии на Османлиите во Албанија, Мурат II со околу 80.000 војска ја опседнал тврдината Светиград на 14 мај 1449 година.[12]Светиград претставувал важна стратешка точка за двете страни, со оглед на тоа што бил во непосредна близина на границата со Македонија.[13]На 31 јули, 1449 година, градот бил заземан. Губењето на Светиград значело голема загуба за Скендербег. Во следните години, на султанот Мурат му преостанало да ги заземе уште Берат и Кроја[14].

Опсаата на Кроја започнала на 14 мај 1450 година, и истата траела до 23 ноември 1450 година. Неуспешната опсада на Османлиите ги чинела околу 20.000 мртви војници наспроти само околу 1.000 Албанци. Според Марин Берлети, самиот султан починал од болест по видената слика во Кроја.[15]Сепак, познато е дека тој починал во Едрене во 1451 година.[16]Се смета дека Мурат бил приморен да ја повлече опсадата поради доаѓањето на зимата.[17]Сепак, најверојатно се повлекол поради големите загуби кои биле предизвикани од страна на албанските герилски сили.[18]

По битката, Скендербег успеал да ја обнови Кроја и да територијално да се прошири.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Francione p. 88.
  2. Hodgkinson p. 115.
  3. 3,0 3,1 Hodkinson p. 107.
  4. Setton p. 100.
  5. 5,0 5,1 Francione p. 87.
  6. Francione p. 89.
  7. Hodgkinson p. 109.
  8. Hodgkinson p. 112.
  9. E. Jacques p. 207.
  10. T. Jacques p. 548.
  11. Francione p. 94.
  12. Francione p. 77.
  13. Hodgkinson p. 95.
  14. Noli p. 43.
  15. Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis by Marin Barleti
  16. Gibbon p. 465, note 42.
  17. Housley p. 90.
  18. Francione p. 93.