Битка кај Мокра (1445)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Мокра
Дел од серијалот „Османлиски војни во Европа
Датум 10 октомври, 1445
Место Во близина на Призрен, Косово
Исход Албанска победа
Завојувани страни
StemaeFamiljesKastrioti2.GIF Лешка лига Flag of the Ottoman Sultanate (1299-1453).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Скендербег Фируз Паша 
Сила
3,500 (2,000 коњаница, 1,500 пешадија) 9,000-15,000[1] men
Жртви и загуби
непознато 1,500 мртви, 1,000 заробени

Битката кај Мокра се одвила на 10 октомври 1445 година помеѓу албанската армија на чело со Скендербег од една страна, и Османлиската империја од друга страна на чело со Фируз Паша. Битката се одвила во близина на денешниот град Призрен, Косово. Во оваа битка Османлиите по втор пат доживеале огромен пораз.

По победата на Мурат II во битката кај Варна, султанот испратил јасни пораки до Скендербег околу неговата моќ. По ова, како и по битката кај Торвиол, Скендербег ја примил христијанската вера односно “вистинската вера на Исуса Христа, сметајќи дека бил избран од самиот него“. По испратеното писмо, Скендербег наредил неговата војска да се припреми за војна. Kога султанот ја примил пораката, тој му наредил на Фируз Паша со околу 9.000 војници да го нападне Скендербег. Nеговата главна цел била да не му овозможи на Скендербег да навлезе во Македонија. Албанската војска Османлиите ги чекала во близина на Призрен. На албанската страна останале 3.500 војници и околу 2.000 коњаници и пешадија, а остатокот биле вратени во Албанија. Голем број на армија се настанила и во шумата. Кога Османлиите наближувале, тие биле нападнати од албанската пешадија. Тоа било изненадување за Османлиите. Тие доживеале голем пораз, а во битката починал и Фируз Паша.[2]

Победата над Османлиите била широко и добронамерно прифатена во Европа. Папа Евгение IV го пофалил скендербег за одбрана на христијанството. Алфонсо V од Арагон исто така испратил пофалби. По ова, Алфонсо и Скенјдербег станале блиски сојузници.

Наводи [уреди]

  1. Scanderbeg: From Ottoman Captive to Albanian Hero by Harry Hodgkinson, pg. 81
  2. Demetrio Franco p. 310.