Битка кај Торвиол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Битка кај Торвиол
Дел од the Османлиски војни во Европа
Skanderbeg woodcut.jpg
Резба од дрво на која е прикажана битката помеѓу двете страни
Датум: 29 јуни, 1444[1]
Место: Во близина на Подградец кај Дебар[2][3]
Исход: Албанска победа
Завојувани страни
StemaeFamiljesKastrioti2.GIF Лешка лига Flag of the Ottoman Sultanate (1299-1453).svg Османлиска империја
Војсководци
Скендербег Али Паша
Сила
15,000 (8,000 коњаница, 7,000 пешадија)[4][5] 25,000 [3] to 40,000[6]
Жртви
100-120 мртви, многу повеќе повредени[7]
1,780 убиени, 2,000 повредени, 400 од кои подоцна починале[8]
8,000 мртви, 2,000 заробени[1]
22,000 мртви, 2,000 заробени [7]


Битката кај Торвиол, исто така позната и како битката кај Виликарди или Битката кај Дебар, се одвила на 29 јуни 1444 година помеѓу албанската армија на чело со Скендербег од една страна, и Османлиската империја од друга страна на чело со Али Паша. Овој бунт е еден од првите поголеми во кој Скендербег ги започнал против Османлиите.

[уреди] Позадина и битка

По битката кај Ниш во ноември 1443 година, Скендербег ја напуштил османлиската војска со околу 300 други албански војници и се вратил во Албанија. Тој по ова успеал да создаде сојуз од тогашните албански кнежества, основајќи ја т.н. Лешка лига. Веќе во пролетта 1444 година, станало јасно дека албанските земји ќе бидат нападнети од Османлиите. Поради тоа, Скендербег започнал со подготовка на војната.[9]

По само неколку месеци, Скендербег успеал да регрутира огромна војска, составена од околу 8.000 коњаници и 7.000 пешадија. Битката се одвила во близина на денешната граница помеѓу Албанија и Република Македонија, кај градот Дебар. Во крајна сметка, Албанците им нанеле голем пораз на Османлиската империја, убивајќи околу 8.000 војници, а според некои извори овие бројки се движиле и до 22.000 војници.

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 Hodgkinson p. 75.
  2. Jacques p. 205.
  3. 3,0 3,1 An Outline of the People's Socialist Republic of Albania p. 23
  4. Moore p. 46.
  5. Gibbon p. 464.
  6. Moore p. 45.
  7. 7,0 7,1 Franco p. 58.
  8. Francione p. 42.
  9. Fine pp. 556-557.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици