Битка кај Ороник (1448)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Ороник
Дел од Албанско-венецијански војни (1447–1448)
Датум 14 август, 1448
Место Дебар, Албанија
Исход Албанска победа
Завојувани страни
Лешка лига Османлиска империја
Команданти и водачи
Скендербег Мустафа паша заробен
Сила
6,000 15,000
Жртви и загуби
неколку 3,000 жртви, дванаесет главни офицери

Првата битка кај Ороник се одвила за време на Албанско-венецијанските војни од 1447-1448 година, кога Венецијанската република стапила во сојуз со Османлиската империја против Лешката лига. Албанските сили ја поразиле османлиската армија која бил предводена од страна на Мустафа Паша. По два месеци бил склучен договор помеѓу Венеција и Албанија.

И покрај тоа што османлиската армија била многу побројна, броела околу 15,000 војници, сепак силите на Скендербег успеале да им нанесат пораз на муслиманите. Во битката биле убиени околу 3.000 војници, вклучувајќи и дванаесет високи функционери. По битката бил склучен договор. Мустафа Паша во битката бил заробен, за да подоцна неговата слобода биде откупена со 25.000 дукати.[1]

Наводи[уреди]

  1. Scanderbeg: From Ottoman Captive to Albanian Hero by Harry Hodgkison, page 89