Обично оригано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обично оригано
Обично оригано во цвет
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Lamiales
Фамилија: Lamiaceae
Род: Origanum
Вид: O. vulgare
Биномен назив
Origanum vulgare
Л.

Обичното оригано или планинскиот чај, односно Origanum vulgare е вид на оригано кој потекнува од Европа (нејзиниот медитерански дел) и од јужна и средна Азија. Тоа е повеќегодишно растение кое расте 20 до 80 cm во височина, со наспрамни листови долги од 1 до 4 cm. Цветовите се розеви, долги 3-4 mm и се издигнуваат од исправени боцки. Името на овој вид доаѓа од грчкиот збор origanon - ὀρίγανον со значење планина. Семето од обичното оригано е познато и како Аџвајн (اجوائن) на урду.

Обично оригано кое расте на поле.

Подвидовите на Origanum vulgare се важни хранливи растенија. Тие најчесто се користат во грчката и италијанско-американската кујна. Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин.

Обичното оригано често се користи во доматните сосови. Заедно со босилекот, допринесува за исклучителниот карактер на многу италијански јадења (како пицата, на пример).

Сличните видови Origanum onites (Грција, Мала Азија) и O. heracleoticum (Италија, Балкански Полуостров, Западна Азија) имаат сличен вкус и миризба. Близок сродник на ова растение е мајораната, но нејзиниот вкус е мошне поразличен.