Нов Малград

Координати: 40°36.35′N 22°40.55′E / 40.60583° СГШ; 22.67583° ИГД / 40.60583; 22.67583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Малград
Нов Малград is located in Грција
Нов Малград
Нов Малград
Местоположба во областа
Нов Малград во рамките на Делта (општина)
Нов Малград
Местоположба на Нов Малград во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°36.35′N 22°40.55′E / 40.60583° СГШ; 22.67583° ИГД / 40.60583; 22.67583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДелта
Општ. единицаВардар
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.404
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.57300
Повик. бр.2391

Нов Малград (грчки: Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.404 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле, 17 км западно од Солун и веднаш западно од македонското село Јунчии со кое денес е споено.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата е основана во 1909 г. под името Кокмус за муслимани-бегалци од Босна која била неодамна пропоена кон Австроунгарија. Во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор и во него се доселиле две грчки семејства од источнотракиското гратче Малград (грч. Малгара, тур. Малкара) кое останало во Турција, а властите го нарекле местото Нов Малград (Неја Малгара) во чест на нивното родно место. Во 1913 г. во селото имало 501 жител, а во 1920 г. населението броело 484 жители.[2] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор бошњачкото население е иселено во Турција како муслиманско, а на негово место властите доселиле 249 семејства грчки колонисти, од кои 239 од Источна Тракија, 4 од Мала Азија и 6 од Бугарија.[2] Во 1928 г. Нова Малгара станала наполно дојденско село со 283 семејства од вкупно 1.214 жители.[3]

Благодарение на исклучително плодното земјиште потпомогнато од зафатите за мелиорација и наводнување, како и близината до Солун, селото почнало доживеало голем растеж. Во 1940 г. населението достигнало 1.912 жители, кои во 1951 г. се зголемиле на 1.981, а во 1961 г. на 2.061. На пописот во 1971 г. е забележан мал пад на 1.986 жители, но во 1981 г. населението се накачило на 2.248, а во 1991 г. — на 2.349 лица.[2] Во 2001 г. во Нов Малград се попишани 2.443 лица, а во 2011 населението достигнало 2.404 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.912 1.981 2.061 1.986 2.248 2.349 2.443 2.404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се произведуваат големи количества памук, овошје, жито и разни други земјоделски производи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333–334.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.