Коњари (Солунско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњари
Ανατολικό
Коњари is located in Грција
Коњари
Коњари
Местоположба во областа
Коњари во рамките на Делта (општина)
Коњари
Местоположба на Коњари во општината Делта и областа Централна Македонија
Координати: 40°39.81′N 22°42.71′E / 40.66350° СГШ; 22.71183° ИГД / 40.66350; 22.71183Координати: 40°39.81′N 22°42.71′E / 40.66350° СГШ; 22.71183° ИГД / 40.66350; 22.71183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДелта
Општ. единицаКулаќа
Надм. вис.&100000000000000080000008 м
Заедница
 • Население2589
 • Површина (км2)23
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.573 00
Повик. бр.+30-231x-xxx-xxx
Рег. таб.NAx-xxxx до NXx-xxxx
Карта
Коњари и околните населени места на карта

Коњари или Ѓундулар (грчки: Ανατολικό, Анатолико; до 1955 г. Βαλμάδα, Валмада[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.589 жители (2011), сите Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија, 4 км северно од градот Кулаќа и 15 км западно од Солун. Лежи на надморска височина од 8 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Коњари како македонско[4] село.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Коњаре (Koniaré) има 234 домаќинства со 1.090 жители, сите Македонци.[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коњари имало население од 1.220 жители, сите Македонци христијани.[6][8] Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија, односно под грчка пропаганда. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коњаре (Koniaré) има 960 жители Македонци[6] и во селото работело грчко учулиште.[9]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 968 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ за време на Првата светска војна завел 250 македонски куќи.[10] Во 1920 г. населението нараснало на 1.064, а во 1928 г. попишани се 1.149 жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1422 1770 2022 1912 2278 2418 2539 2589
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Кулаќа со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Коњари, каде тоа е еднственото населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето е многу плодно и целосно се наводнува. Населението претежно одгледува овошје, памук, жито и други култури, а во поново време е развиено и краварството.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαλμάδα -- Ανατολικόν
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 327.
  4. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.154-155.
  8. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.141.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
  10. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.