Текелиево

Координати: 40°40.14′N 22°48.20′E / 40.66900° СГШ; 22.80333° ИГД / 40.66900; 22.80333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Текелиево
Σίνδος
Текелиево is located in Грција
Текелиево
Текелиево
Местоположба во областа
Текелиево во рамките на Делта (општина)
Текелиево
Местоположба на Текелиево во општината Делта и областа Централна Македонија
Координати: 40°40.14′N 22°48.20′E / 40.66900° СГШ; 22.80333° ИГД / 40.66900; 22.80333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДелта
Општ. единицаЕхедор
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Заедница
 • Население9289
 • Површина (км2)47.25
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 08
Повик. бр.2310 – 78
Текелиево за време на Првата светска војна.

Текелиево (грчки: Σίνδος, Синдос) — помал град во околината на Солун, Егејска Македонија. Таму се наоѓа солунската техничката образовна институција „Александрио“ (грчки: Αλεξάνδρειο ΤΕΙ Θεσσαλονίκης) како и индустриската зона на градот, со голем број на индустриски капацитети, стоваришта итн. Текелиево претставува и голема товарна железничка станица на излезот од солунското пристаниште кон Република Македонија. На влезот од местото се наоѓаат православна црква и воена касарна, а во нго се сместени и жандаремсриска станица и пошта. Од 1 јануари 2011 година со спојување на трите општини - Ехедорос, Вардар (Аксиос), Кулакија (Халастра) по законот на Каликратис, е создадена нова административна единица — општината Делта (грчки: Δήμος Δέλτα, Димос Делта).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото постои уште од антиката. Првпат се споменува од Херодот во V век пр. н.е., а потоа и од Стефан Византиски (VI век) како приморско гратче во македонската област Мигдонија, сместено помеѓу тогашните Терма и Халастра.[3]

Селото Текелиево своето име го добило по старо теќе кое се наоѓало во селото. Текелиево е сместено во македонската етногеографската област Вардарија во околината на Солун. Поточно, тоа се наоѓа на 17 километри западно од Солун, крај самата железничка пруга која од Солун води за Атина, на надморска височина од 10 метри[4]. Атарот зафаќа површина од 47 квадратни километри, а во него сосотвав влегува и новооснованата населба Валтотопос[4]. Пред поделбата на Македонија со мировниот договор од Букурешт во 1913, селото броело стотина куќи и 425 жители (1900 година), Македонци и Турци, од кои Македонците биле доминантно мнозинство.[5]. Текелиево било мешано село, а за бројоноста на неговите жители постоеле различни податоци, така К’нчов запишал 240 Македонци, 100 Турци и 85 Роми, Бранков го искачил бројот на Македонците на 400, а Милоевиќ запишал дека има 65 македонски и 35 ромски куќи[4]. Со масовната колонизација на христијанско и гркоманско население во 1925-28 драстично се променил етничкиот состав на населението на Текелиево. Денес во местото сѐ уште има Македонци, кои местото го нарекуваат со македонското отоманско име Текелиево. Доказ за тоа се и неколку пекарници и работилници во сопственост на Македонци кои ги носат имињата „Текели“ и „Текелево“. На извонредно плодната почва се произведува овошје, градинарски култури, бостан, жито памук и други земјоделски производи[4].

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

  • 1862 - 22 куќи православни и 3 куќи муслимани - Dimitriadis, 422
  • 1900 - 425 жители - Васил К’нчов
    240 Македонци, 100 Турци, 85 Роми[4]
  • 1910 - 298 жители - Halkiopoulos 1910
  • 1913 - 481 жител - Попис 1913
  • 1920 - 694 жители - Попис 1920
  • 1920 - 65 куќи на православни славјани и 35 куќи на Цигани-Роми - Милојевић, 33
  • 1924 - отселени сите муслимани претежно цигани-роми вкупно 150 жители
  • 1926 - населени вкупно 1395 колонисти³ со 370 семејства со следново потекло - Источна Тракија(908), Мала Азија(473) и Бугарија-Синапли(76). Во колонистите од Мала Азија имало и 30семејства кои зборувале на турски јазик.http://lithoksou.net/thesaloniki_t.html
  • 1928 - 1820 жители - Попис 1928
  • 1940 - 2979 жители - Попис 1940
  • 1951 - 3692 жители - Попис 1951
  • 1961 - 4132 жители - Попис 1961
  • 1971 - 4536 жители - Попис 1971
  • 1981 - 5565 жители - Попис 1981
  • 1991 - 5949 жители - Попис 1991
  • 2001 - 7540 жители(?) - Попис 2001

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „ПДФ документ“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-06-06. Посетено на 2013-01-24.
  3. Public Domain Смит, Вилијам, уред. (1857). „Sindus“. Речник на грчката и римската географија. 2. Лондон: John Murray.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. II дел, стр. 343
  5. Македония. Етнография и Статистика, В. Кѫнчовъ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]