НБА 2009/10 сезона
| 2009/10 НБА сезона | |
|---|---|
| Лига | НБА |
| Спорт | Кошарка |
| Временски период | 27 октомври 2009 - 14 април 2010 |
| ТВ Партнер/и | ABC, TNT, ESPN, NBA TV |
| Драфт | |
| Топ пик на драфтот | Блејк Грифин |
| Драфтуван од | ЛА Клиперс |
| Регуларна сезона | |
| Најдобар стрелец | Кевин Дурант (Оклахома Сити) |
| Плејоф | |
| Финале | |
| НБА сезони | |
2009/10 НБА сезоната ќе биде 64тата сезона на НБА. 1.230те натпревари во регуларната сезона, дносно 82 натпревари за секој од 30-те тима, ќе започнат во вторник,27 октомври 2009, а ќе завршат во среда,14 април 2010.
2009 НБА драфтот се одржа на 25 јуни 2009, а прв пик беше Блејк Грифин, драфтуван од ЛА Клиpерс.[1] Далас Маверикс ќе биде домаќин на 59-тиот Ал Старот во Каубој Стадионот во Арлингтон, Тексас на 14 февруари 2010.[2]
За втор пат во историјата на НБА плеј-офот, сите осум тимови од Западната Конференција имаа 50 или повеќе победи, а разликата помеѓу #1 носител и #8 носител во Западната Конференција беше само 7 победи. Двата настани се случија за прв пат во 2008.
Најдобар скор имаше Кливленд Кавалиерс со 61 победа, но ова и воедно беше најнискиот најдобар рекорд во НБА сезона после Индијана Пејсерс, која исто така победи 61 меч во 2003-04.[3]
Содржина |
Трансфери [уреди]
Главни трансфери:
Размени:
- Милвоки го заменија форвардот Ричард Џеферсон за форвардите Брус Бауен, Курт Томас и Фабрисио Оберто од Сан Антонио.[4]
- Минесота Тимбервулфс ги заменија гардовите Ренди Фој и Мајк Милер за форвардите Етан Томас, Дариус Сонгаила, Олексеј Печеров и 5. пик во 2009, кој подоцна беше Рики Рубио од Вашингтон.[5]
- Феникс го заменија центарот Шекил О’Нил за гардот Саша Павлович, центарот Бен Валас
од Кливленд , иден пик во втората рунда од драфтот и пари.[6] - Њу Џерси го заменија гардот Винс Картер и форвардот Рајан Андерсон
за гардовите Рафер Алстон и Кортни Ли и центарот Тони Бати од Орландо.[7] - Орландо, Далас, Мемфис и Торонто се согласија на размени на 8 играчи помеѓу 4те тима, кој ги испрати Шон Мерион во Далас, а Хидо Туркоглу во Торонто.[8]
- Шарлот го замени центарот Емека Окафор за центарот Тајсон Чандлер од Њу Орлеанс.[9]
- Атланта Хокс го купија форвардот Џо Смит.
- Бостон Селтикс го купија форвардот Рашид Валас и гардот-форвардот Маркиус Даниелс.
- Чикаго Булс го купија гардот Џанеро Парго.
- Кливленд Кавалиерс го купија гардот Ентони Паркер и форвардите Џамарио Мун и Леон Пув.
- Далас Маверикс ги купија форвардите Дру Гуден и Тим Томас.
- Детроит Пистонс ги купија гардот Бен Гордон, форвардот Чарли Вилануева и форврдот-центарот Бен Валас.
- Хјустон Рокетс го купија форвардот Тревор Ариза.
- Лос Анџелес Лејкерс го купија форвардот Рон Артест.
- Мемфис Гризлис го купија гардот Ален Ајверсон.
- Милвоки Бакс го купија форвардот Хаким Варик.
- Минесота Тимбервулфс ги купија гардовите Саша Павлович и Рејмон Сешн.
- Орландо Меџик го купија форвардот Брендон Бас, гардот-форвардот Мат Барнс и гардот Џејсон Вилијамс.
- Филаделфија Севентисиксерс го купија центарот Примож Брезец.
- Феникс Санс го купија слободниот играч Чејнинг Фрај.
- Портланд Треилблејзерс го купија гардот Андре Милер и форвардот Џавун Хауард.
- Сакраменто Кингс го купија гардот-форвардот Десмонд Мејсон и форвардот Син Меј.
- Сан Антонио Спарс го купија форвардот Антонио МекДејс и форвардот-центарот Тео Ратлиф.
- Торонто Рапторс го купија гардот Џерет Џек.
- Торонто Рапторс го купија форвардот Хидо Туркоглу.
- Далас Маверикс го купија гардот Квинтин Рос.
- Индијана Пејсерс го купија гардот Дантај Џонс.
Обновувања на договорите:[10][11]
- Атланта Хокс ги обновија договорте со слободните играчи Мајк Биби и Заза Пакулиа и форвардот Марвин Вилијамс.
- Бостон Селтикс го обнови договорот со Глен Дејвис.
- Шарлот Бобкетс го обнови догоророт со Рејмонд Фелтон.
- Кливленд Кавалиерс го обновија договорот со центарот-форвардот Андерсон Варежао.
- Далас Маверикс го обнови договорот со гардот Џејсон Кид.
- Денвер Нагетс го обновија договорот со форвардот Крис Андерсен.
- Лос Анџелес Лејкерс ги обновија договорите со гардот Коби Брајант и форвардот Ламар Одом.
- Мајами Хитс го обновија договорот со центарот Џамал Маглур
- Њу Јорк Никс ги обновија договорите со центарот-форвардот Дејвид Ли и гардот Нејт Робинсон.
- Феникс Санс го обновија договорот со гардот-форвардот Грант Хил.
- Торонто Рапторс го обновија договорот со центарот-форвардот Андреа Баргнани .
- Лос Анџелес Клиперс го обновија договорот со гардот Рики Дејвис.
- Јута Џез ги обновија договорот со слободние играчи Кајл Корвер, Мехмет Окур и Карлос Бузер и гардот-форвардот Паул Милсап.
- Орландо Меџик го обновија договорот со центарот Марцин Готрат.
Промени на тренерот [уреди]
| Предсезонски | ||
|---|---|---|
| Тим | 2008–09 тренер | 2009–10 тренер |
| Вашингтон Визардс | Ед Трапскот | Флип Саундерс |
| Сакраменто Кингс | Кени Нат | Пол Вестфал |
| Филаделфија Севентисиксерс | Тони ДиЛео | Еди Џордан |
| Минесота Тимбервулфс | КевинМекХејл | Курт Рамбис |
| Детроит Пистонс | Мајкл Кери | Џон Кустер |
| Сезонски | ||
| Тим | Претходен тренер | Нов тренер |
| Њу Орлеанс Хорнетс | Бајрон Скот | Џеф Боуер |
| Њу Џерси Нетс | Лоренс Франк | Том Барис |
| Том Барис | Кики Вандевеге | |
| Лос Анџелес Клиперс | Мајк Данливи | Ким Хјуз |
Предсезонски [уреди]
- На 22 април, 2009, Вашингтон Визардс го ангажираа Флип Саундерс за главен тренер.[12]
- На 23 април, 2009, Сакраменто Кингс го отпуштија тренерот Кени Нат и други 4 асистенти поради слабиот сезонски учинок од само 17 победи.[13]
- На 11 мај, 2009, тренрот на Филаделфија Севентисиксерс, Тони ДиЛео поднесе оставка од местото тренер на клубот поради приватни причини. ДиЛео ги задржа своите стари позиции како Асистент на Генералниот Менаџер и Вице-претседател.[14]
- На 1 јуни, 2009, Филаделфија Севентисиксерс го ангажираа Еди Џордан за тренер.[15]
- На 9 јуни, 2009, Сакраменто Кингс го ангажираа Пол Вестфал за тренер.[16]
- На 17 Јуни, 2009, Минесота Тимбервулфс го отпуштија тренерот Кевин МекХејл,кој седеше на клупата 15 години.[17]
- На 30 Јуни, 2009, Детроит Пистонс го отпуштија тренерот Мајкл Кери, кој се наоѓаше на таа позиција само една сезона.[18]
- На 9 Јули, 2009, Детроит Пистонс го ангажираа помошниот тренер на Кавалиерс, Џон Кастер за тренер.[19]
- На 10 Август, 2009, Минесота Тимбервулфс го ангажираа помошниот тренер на Лејкерс, Курт Рамбис за тренер.[20]
Сезонски [уреди]
- На 12 ноември, Њу Орлеанс Хорнетс го отпуштија Бајрон Скот како тренер, заменувајчи го со генералниот менаџер Јеф Боуер.[21]
- На 29 ноември, Њу Џерси Нетс го отпуштија Лоренс Франк како тренер , итно заменувајќи го со тренерот асистент Том Барис.[22]
- На 1 декември, Њу Џерси НЕтс го назнација генералниот менаџер Кики Вандевеге како тренер, заменувајќи го Том Барис, кој го водеше тимот само 2 натпревари после отпуштањето на Лоренс Франк.[23]
- На 4 февруари, тренерот на Лос Анџелес Клиперс Мајк Данливи се откажа од тренерските должности. Тој беше назначен за генерален менаџер на тимот(подоцна отпуштен на 9 март). Тренерот асистент Ким Хјуз беше итно назначен за тренер.[24]
Важни настани [уреди]
Јуни
- На 10 јуни, Ранди Смит, НБА Ол-Стар МВП почина на 60 години.[25]
- На 25 јуни, беше одржан 2009 НБА Драфтот во Медисон Сквер Гарден, Њу Јорк. Брејк Грифин беше првиот пик, одбран од Лос Анџелес Клиперс..[1]
Јули
- На 7 јули, НБА изјави дека салари капот за оваа сезона же биде $57.70 милиони и ќе стапи насила од 8 јули.[26]
Септември
- На 1 семптември, пет годишниот договор помеѓу НБА и судиите истече. Двете страни не постигнаа договор за пред-сезоната, резултирајќи со заклучување на НБРА (Национална Кошаркарска Судиска Асоцијација) кое започна на 18 семтември.[27][28]
- На 5 семтември, три пати НБА шампионот Брус Боуен се пензиниран после 12 сезони во НБА, на возраст од 38.[29]
- На 11 семтември, ко-сопственикот на Шарлот Бобкетс, Вилијам Бек почина во авионска несреќа, на возрасѕт од 49.[30]
- На 11 семтември, НБА легендите Мајкл Џордан, Џон Стоктон и Дејвид Робинсон заедно со тренерот на Јута Џез, Џери Слоан беа претставени во Кошаркарската Хала на Славните.[31]
- На 16 септември, ко-сопственикот на Индијана Пејсерс, Мелвин Сајмон почина на возраст од 82 години.[32]
- На 24 семтември, Микаел Прокхоров, најбогатиот Русин, според Форбс, постигна договор да стане главен сопственик на Нетси и да ја финансира речиси половина од изградбата на новата арена на Нетс.[33]
- На 30 септември, НБА издаде наредба Твитер и други социјални сајтови да забранат играчите, тренерите и другиот кошаркарски персонал да ги користат за време на натпреварите..[34]
Октомври
- На 1 октомври, пред-сезоната започна, а судиите беа заменети со судиите од Женската НБА и од младинската НБА поради заклучувањето на НБРА.[35] Ова се забележа по прв пат после сезоната 1995-96.[36]
- На 2 октомври, Бордот на гувернери од НБА дозволи пораширена употреба на забавени снимки, започнувајжи оваа сезона за да се забранат оштетувања во врска со дозволените 24 секунди за шут за време на натпреварите, и да се утврди, за време на двете последните минути и продолженијата, дали играчот ја допрел топката, пред да излезе надвор од теренот.[37]
- на 8 октомври, НБА ја изигра својот прв натпревар во Тајпеј. Пред-сезонскиот натпревар помеѓу Индијана Пејсерс и Денвер Нагетс беше изигран во Тајпеј Арената. Тајпеј стана седмиот азиски град, кој е домаќин на НБА натпревар, после Пекинг, Гангџоу, Макао, Шангај, Токио и Јокохама.[38][39]
- На 9 октомври, Марвин Фишман, еден од првичните сопственици на Милвоки Бакс, почина на 84 години.[40]
- На 23 октомври, НБА и судиите изјавија дека потпишале двегодишен договор за следните 2 сезони, со што заврши заклучувањето на НБРА.[41][42]
- На 27 октомври, регуларната сезона започна со рекордни 83 интернационалци на отварачката ноќ, изеднувајќи го рекордот од 2006-07. Израелецот Омри Каспи, швеѓанецот Џонас Џеребко и танзаниецот Хашим Табит ги претставуваа нивните држави за прв пат во НБА.[43] На отворачката ноќ беше поставен друг рекорд, каде што во тимовите имаше со поранешни 63 поранешни играчи од НБА младинската лига во 29 НБА тимови.[44]
Ноември
- На 10 ноември, тренерот Ал Церви од Хала на славните почина на 92 години.[45]
- На 24 ноември, сопственикот на Вашингтон Визардс, Абе Полин почина на 85 години.[46]
- На 25 ноември, десет пати учесникот на Ол-Стар, Ален Ајверсон изјави дека ќе се пензионира. Тој претходно беше отпуштен од Мемфис Гризлис на 19 ноември, откако изигра само 3 натпревари со Гризлите..[47][48]
Декември
- На 2 декември, Ален Ајверсон се врати од неговата пензија и се согласи да игра за Филаделфија Севентисиксерс, тимот каде што го направи своето деби пред 13 години.[49]
Јануари
- На 6 јануари, гардот на Вашингтон Визардс Џилберт Аренас беше суспендиран на неодредено време се до понатамошни истраги поради недозволено носење на оружје во соблекувајната на Визардс. Репортерите изјавија дека Аренас носел оружје порад расправите со соиграчот Џаравис Критентон завреме на коцкање.[50] Аренас подоцна беше обвинет за носење оружје без лиценца и подоцна беше парично казнет.[51][52]
- На 9 јануари, гардот на Детроит Пистонс, Бен Гордон го постигна 10 милионитот кош во историјата на НБА.[53]
- На 27 јануари, НБА го суспендира гардот на Вашингтон Визардс Џилберт Аренас и Џаварис Критентон за остатокот од сезоната. Двајцата Аренас и Критентон носеа оружје во соблекувајната на Визардс во Веризон Центарот, казната за двајцата е донесена според правилата на лигата и на градот за забрането поседување оружје без дозвола. Пред неколку дена, Критентон беше обвинет за поседување на оружје без лиценца.[54]
Февруари
- На 3 февруару, Дик МекГуир од Халата на Славните почина од природни причини на 84 години.[55]
2010 НБА Ол-Стар пауза
2010 НБА Ол-Старот се одржа во Каубој Стадинот, во Тексас, на 14 февруари 2010, каде Истокот побееди со минимална разлика, 141-139, а играчот на Мајами Хит, Двејн Вејд беше назначен за МВП. На натпреварот имаше најголема посетеност на сите времиња од 108,713 гледачи. За време на НБА Ол-Старот Викендот, Нејт Робинсон од Њу Јорк Никс го освои натпреварот во забивањеза трет пат во неговата кариера; Кевин Дурант, го освои воведниот натпревар, победувајжи го НБА H–O–R–S–E натпреварувањето; Пол Пирс од Бостон Селтикс го победи Стефен Кари во тајбрејкот за да го освои натпреварот во тројки. Стив Неш го освои натпреварот во вештини.
- На 27 февруари, пет пати Ол-старот Карл Браун почина од природни причини на 82 години.[56]
- На 27 февруари, Мајкл Џордан постигна договор за да стане главен сопственик на Бобкетс. Џорданбеше ко-сопственик на Бобкетс со одлуката во 2006.[57]
Март
- На 9 март, Мајк Данливи беше отпуштен од местото Генерален Менаџер на Клиперс.[58]
- На 13 март, Вашингтон Визардс станаа првиот тим по 10 години кој изиграл 3 натпревари во три последователни ноќи. Овој распоред беше предизвикан од февруарската снежна виулица, поради која натпреварот со Атланта Хокс се презакажа.[59]
Април
- На 5 април, Кошаркарската Хала на Славните објави дека во 2010 во своите редови ќе ги прими поранешните играчи на НБА, Денис Џонсон, Гас Џонсон, Карл Мелоун и Скоти Пипен на церемонијта која ќе се одржи на 13 Август. Сопственикот на Лос Анџелес Лејкер, Џери Бас беше примен помеѓу соработниците во Кошаркарската Хала на Славните. Национален кошаркарски тим на САД, кој освои златен медал на 1992 Летни Олимписки игри беше примен во Кошаркарската Хала на Славните во категоријата Тимови. Тимот именуван "Дрим Тим", беше првиот тим составен од НБА игачи. Пред промената на правилата во ФИБА во 1989, НБА играчите немаа дозвола да играат на меѓународни кошаркарски турнири [60]
- На 12 април, Њу Џерси Нетс го изиграа последниот нивни натпревар во Изод Центарот, каде што изгубија со 105–95 од Шарлот Бобкетс. Нетси, кои од 1981 играа во Изод Центарот сега ќе треба да се преселат во Пруденшл Центарот во следните 2 сезони, се до нивното конечно преселување во Барклајс Центарот во Бруклин, Њу Јорк во 2012.[61]
- На 14 април, Орландо Меџик го изиграа својот последен натпревар во Емвеј Арената, на кој победи со 125–111, против Филаделфија Севентисиксерс. Магичните, кои играаво Емвеј Арената од нивната прв сезона во НБА, ќе се преместат во Емвеј Центарот во следната сезона .[62]
Подобрени рекорди [уреди]
Индивидуални
- 27 октомври: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 13,000 поени во кариерата.[63]
- 6 ноември: НБА рекорд. Гардот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант стана најмладиот играч, кој постигнал 24,000 поени во кариерата.[64]
- 14 ноември: НБА рекорд. Рукито на Милвоки Бакс, Брендон Џенингс постигн 55 поени, подобрувајќи го рекордот на Бакс, за најмногу поени постигнати од руки, поставен од Карим Абдул-Џабар на 21 февруари 1970 за 4 поени. Тој исто така стана најмладиот играч во НБА кој постигнал над 50 коша во еден натпревар. Тој само за 2 поени не го подобри тимскиот рекорд за поени, поставен од Мајкл Рид на 11 ноември, 2006. Тој исто така за 3 поени не го подобри лига рекордот за најмногу поени од руки, поставен дав пати од Вилт Чембрлент..[65][66]
- 25 ноември: НБА рекорд. Гардот на Далас Маверикс, Џејсон Кид стана втор најдобар асистент на сите времиња во НБА. Кид направи 7 асистенции за да има вкупно 10 337 асистенции, престигнувајжи го Марк Џексон, кој има 10 334.[67]
- 2 декември: Тимски рекорд на Кливленд Кавалиерс. Центарот Жидринас Иглаускас го изигра својот 724-ти натпревар со Кавалиерс за да го постави тимскиот рекод за најмногу изиграни натпревари. Тој го подобри минатиот рекорд од 723, кој го дрќеше Дени Фери.[68]
- 2 јануари: Тимски рекорд на Оклахома Сити Тандер. Форвардот Кевин Дјурант постигна повеќе од 30 коша во седум последователни натпревари, подобрувајќи го тимскиот рекорд, поставен од Спенсер Хејвуд во јануари 1972.[69][70]
- 2 јануари: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 14,000 поени во кариерата.[71]
- 3 јануари: Тимски рекорд на Торонто Рапторс. Форвардот Крис Бош стана лидер во најмногу поени кај Раптор, престигнувајќи го Винс Картер, кој имаше 9 420 поени. Бош постигна 22 коша за да има вкупно 9 429 поени[72]
- 13 јануари: НБА рекорд. Форвардот на Далас Маверикс, Дирк Новицки стана првиот Европеец, кој постигнал 20 000 поени во кариерата.[73][74]
- 13 јануари: Тимски рекорд на Минесота Тимбервулфс. Центарот Ал Џеферсон постави тимски рекорд во најмногу скока во еден меч во поразот од Хјустон после 3 продолженија.[75]
- 16 јануари: Тимски рекорд на Мајами Хит. Гардот Двејн Вејд стана лидер во асистенции кај Хит, престигнувајжи го Тим Хардавеј, кој има 2867 асистенции.[76]
- 21 јануари: НБА рекорд. Гардот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант стана најмладиот играч, кој постигнал 25,000 поени во кариерата.[77]
- 1 февруари: Тимски рекорд на Лос Анџелес Лејкерс. Гардот Коби Брајант стана лидер во најмногу коша кај Лејкерси, престигнувајќи го Џери Смит, кој има 25 192 поени.[78] Брајант постигна 44 коша за да има вкупно 25 209 поени и да стане 14 на листата со најмногу поени во кариерата.[79]
- 2 февруари: НБА рекорд. Форвардот на Атланта Хокс, Џош Смит стана најмладиот играч, кој направил 1 000 блокади во кариерата.[80]
- 26 февруари: Тимски рекорд на Орландо Меџик. Центарот Двајт Хауард забележа 20 последователни дабл-дабл учиноци, подобрувајќи го рекордот од 19, поставен од Шекил О’Нил.[81][82]
- 5 март: Тимски рекорд на Кливленд Кавалиерс. Форвардот ЛеБрон Џејмс стана тимски лидер на сите времиња во најмногу изиграни минути со 21 573 во натпреварот против Детроит Пистонс, surpassing previous franchise leader Žydrūnas Ilgauskas.[83]
- 12 март: Тимски рекорд на Оклахома Сити Тандер. Форвардот Кевин Дјурант на 36 натпревари оваа сезона постигна 30 или повеќе коша, подобрувајќи го тимскиот рекорд ос Спенсер Хејвуд, поставен во 1972-73 НБА сезоната. [84]
- 17 март: Тимски рекорд на Торонто Рапторс. Форвардот Крис Бош стана првиот од Рапторси кој постигнал 10 000 поени.[85]
- 19 март: НБА рекорд. Форвардот на Кливленд Кавалиерс, ЛеБрон Џејмс стана најмладиот играч, кој постигнал 15,000 поени во кариерата.[86]
- 26 март: Тимски рекорди на Бостон Селтикс. Гардот Рајан Рондо постави тимски рекорд на сите времиња во украдени топки во една сезона, преминувајќи го Рик Фокс. Пол Пирс постави тимски рекорд на сите времиња во погодени слободни фрлања, преминуваќи го Џон Хавличек. [87]
Тимски
- 2 декември: Најлош старт без победа. Њу Џерси Нетс не успеаа да ја прекинат нивната серија од 18 порази од почетокот на сезоната. Со ова направија рекорд на сите времиња со најлош старт без победа. Нетс го подобрија стариот рекорд од 17 натпреври, поставен од Мајами во 1988-89, во нивната прва сезона во НБА и од Лос Анџелес Клиперс во 1998-99, вбројувајжи го и после отклучувањето на НБА.[88]
- 17 декеври: Најмногу обиди за тројка во едно полувреме. Њу Јорк Никс направија 29 обиди за тројка во првото полувреме во натпреварот против Чикаго Булс, поставувајќи нов НБА рекорд за најмногу обиди за тројка во едно полувреме.[89]
- 21 декември: Победа после најголема негатива. Сакраменто Кингс успаа да ги победат Чикаго Булс после негативата од 35 поени. Ова е победа после втората најголема негатива во историјата на НБА. Резултатот беше Сакраменто 44, Чикааго 78 со останати 8:50 во третата четвртина, каде Кингс со серија од 58-19 успеаа да победат во регуларниот тек на натпреварот. Конечниот резултат беше Сакраменто 102, Чикаго 98. НБа рекордот за ова е поставен на 27 ноември, 1996, кога Јутља Џез ги победија Денвер Нагетс после 36 поени негатива во регуларниот тек на натпреварот со резултат Јута 107, Денвер 103. Џез тоа го направијана домашен терен, а додека Кингс на гостински терен.[90]
- 23 декември: Најмалку поени постигнати во продолжение. Сакраменто Кингс не успеаа да постигнат кош во продолжението во мечот против Кливленд Кавалиерс, станувајќи деветиот тим во историјата на НБА, кој не постигнал кош во продолжението.[се бара извор]
- 28 декември: Најлош старт после 30 натпревари од сезоната. Њу Џерси Нетс станаа шестиот тим во историјата на НБА кој изгубил 28 меча од 30 натпревари, придружувајќи му се на 1970-71 Кливленд Кавалиерс, 1992–93 Далас Маверикс , 1993–94 Далас Маверикс, 1997–98 Денвер Нагетс, and 2004–05 Њу Орлеанс Хорнетс.[91]
- 13 јануари: Првиот тим кој направил 3 000 победи. Лос Анџелес Лејкерс ги победија Далас Маверикс во Далас за да ја направат нивната 3 000-та победа во регуларните сезони. Лејкерс станаа првата екипа која има 3 000 поени во нејзиното постоење.[92]
- 23 јануари: Најлош старт со 3 победи. Њу Џерси Нетс станаа третиот тим во историјата на НБА, кој изгубил 40 од 43 натпревари, изедначувајќи се со Далас Маверикс во 1993-94 и Денвер Нагетс во 1997-98.[се бара извор]
- 24 јануари: Победа со најголема разлика во тимската историја. Далас Маверикс ги победија Њујорк Никс со 128–78 во Медисон Сквер Гарден. Разликата од 50 поени е најгома разлика во тимската историја. За Никс ова е најлош домашен, а втор најлош пораз во тимската историја.[93][94]
- 31 јануари: Најмногу тројки во една четвртина. Кливленд Кавалиерс постигнаа 11 тројки во првата четвртина во натпреварот против Лос Анџелес Клиперс. Со тоа го изедначија НБА рекордот, поставен од Милвоки Бакс против Феникс Санс на 28 март 2006.
- 6 февруари: Најлош старт после 50 натпревари од сезоната. Њу Џерси Нетс станаа третиот тим во историјата на НБА кој изгубил 46 од 50 натпревари, придружувајќи им се на 1972-73 Филаделфија Севентисиксерс и 1992–93 Далас Маверикс.
- 6 март: Најмногу обиди за 3 поени без да се погоди ниеден. Њу Јорк Никс се обидеа 18 пати за 3 поени без да се погоди ниедна во натпреварот против Њу Џерси Нетс. Со ова го надминаа лигашкиот рекорд од 16 поставен од Вашингтон Визардс на 2 ноември 2007.[95]
- 22 март: Најлош старт после 70 натпревари. Њу Џерси Нетс станаа вториот тим во историјата на НБА кој изгубил 63 од првите 70 натпревари, приклучувајќи му се Далас Мавериск во 1992-93.
Табела [уреди]
По дивизии [уреди]
По конференции [уреди]
x- осигурано плеј-оф место Статистикa [уреди]Последно обновено на 7 април. Извор: [1]
Награди [уреди]Играчи на неделата [уреди]Следниве играчи се назначени за Играчи на Неделата.
Играчи на неделата [уреди]Следниве играчи се назначени за Играчи на Месецот.
Руки на месецот [уреди]Следниве играчи се назначени за Руки на Месецот.
Тренер на месецот [уреди]Следниве тренери беа назначени за Тренери на Месецот.
Салари Кап [уреди]На 7 јули 2009, НБА изјави дека НБА Салари Капот за 2009-10 сезоната ќе биде $57,70 милиони и ќе стапи насила на 8 јули, кога тимовите ќе можат да купуваат слободни играчи и да вршат замени. Даночното ниво беше поставено на $69.92 милиони, со што секојтим плаќа $1 данок за секој $1 со кој се надминати $69,92 милиони. Средното ниво на исклучок беше $5,854 милиони за сезона, а милнималната плата за тимот беше поставен на 75% од салари капот, односно $43.275 милиони..[26] За сезоната 2008-09, слари капот беше поставен на $58.68 милиони (▼$0.98 милиони), додека даночното ниво беше на $71.15 million (▼$1.23 милион). И ако приходите на лигата се зголемија за 2.5% во претходната сезона, намалувањето на салари капот и даночното ниво беше резултат на формулата, користена за салари капот и данокот да бидат под условите на заедничкиот договор.[26] Медиумска подршка [уреди]Сезоната 2009-100 ќе биде пренесувана во САД преку ABC, ESPN, TNT и NBA TV. Поголем број на натпревари ќе бидат пренесувани на ABC, ESPN и TNT, а додека помал број на NBA TV. Три тимови , Хјустон Рокетс, Њу Џерси Нетс и Шарлот Бобкетс ќе немаат ТВ појавување на ABC, ESPN and TNT. ABC ќе пренесува некои натпревари во недела и на Божик. ESPN главно ќе ги пренесува натпреварите во среда и петок, а додека TNT фглавно натпреварите во четврток. TNT исто така ќе го пренесува 2010 Ол-Старот и вечерните саботни настани на НБА Ол-Старот.[132][133][134] Наводи [уреди]
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

