Детроит Пистонс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Детроит Пистонс
лого на Детроит Пистонс
Лиги Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА)
Основан 1941
Арена Палатата на ридовите „Аубурн“ (The Palace of Auburn Hills)
Локација Детроит
Тимски бои               
Претседател Бил Девидсон
Потпретседател(и) Џо Думарс
Главен тренер Мајкл Кари
Титули 3 (1989,1990,2004)
Официјално веб-место
Дресови
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}

Детроит Пистонс е професионален кошаркарски клуб во Детроит, Мичиген. Клубот игра во Национална Кошаркарска Асоцијација. „Пистонси“ се познати како најдобриот одбрамбен тим во НБА со фуриозна и агресивна одбрана, и играчи кои не се плашат да ги повредат и интимидираат продивниците. Историски, само во периодите кома имаа агресивни физички-настроени тимови освојуваа титули.

Содржина

[уреди] Историја

[уреди] 1980ти - „Лошите Момци“

Во 80те, Детроит имаја тим кој играше агресивно, и секоја година победуваше повеќе мечови од минатата година. Со време, во 1989, ја освоија НБА титулата, победувајки ги Лејкерси кои беа предводени од Меџик Џонсон и Карим Абдул-Џабар со максимални 4-0 во НБА Финалето. Пистонси, под водство на тренерот Чак Дејли, имаа извонредни одбранбени играчи на сите позиции: Ајзеја Томас на плејмејкер, Џо Думарс на бек, еден од најдобрите одбранбени играчи на деценијата, Денис Родман, релативно низок крилен-центар/крило, со неверојатен талент за скокови (4.36 офанзивни скокови по меч), Џон Сали на крилен центар и Бил Ламбиер на центар.

[уреди] 2004 - Новите „Лоши Момци“

Првата постава на Пистонси

Благодарејќи на неколку резмени со оддавање на Џери Стакхаус и Грент Хил, Пистонси се подмладија, а на последниот ден на дозволени размени, го зедоа и Рашид Валас, кој идеално го комплиментираше стилот на игра на Детроит. Познатата петорка на Пистонси беа: Чонси Билапс, Ричард Хемилтон, Тејшон Принс, Рашид Валас и Бен Валас. Пистонси, како 15 години порано, ги победија ЛА Лејкерс 4-0 во НБА Финалето.

[уреди] Сезоната 2008/2009

Во летото пред новата сезона 2008/2009, менаџерот на Детроит, Џо Думарс, најави дека нема „свети крави“ на неовиот тим, и ќе проба да размени еден или повеќе играчи за да го подобри тимот, кој веќе три години по ред, губи во финалето на Источната Конференција.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици