Родни Стаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

[1]

Родни Стаки
Rodney Stuckey
Stuckey dribbling.jpg
Лични податоци
Роден на 21 април 1986 (1986-04-21) (28 г.)
Роден во Сиетл, Вашингтон, Flag of the United States.svg САД
Висина &100000000000001960000001,96 м
Положба плејмејкер
Клупски податоци
Сегашен клуб Детроит Детроит Пистонс
Број 3
Младинска кариера
2005-2007 Истрн Вашингтон Иглс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007– Детроит Детроит Пистонс 410
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Родни Норвел Стаки (Сиетл, 21 април 1986)[2] е американски професионален кошаркар кој игра како плејмејкер за Детроит Пистонс во НБА.

Висок е 196 cm, а тежок 93 kg.

Кариера[уреди]

Колеџ кариера[уреди]

Стаки со Детроит Пистонс за време на загревање

Стаки играл на колеџ за Истрн Вашингтон Иглс универзитетот. Во својата втора сезона Стаки имал просек од 24.6 поени, 5.5 асистенции, 4.7 скока, и 2.4 украдени топки по натпревар. Против Портланд Стејт тој уфрлил највисоки 36 поени.

На 11 јануари, 2009, дресот со број 3. кој го носел Родни бил повлечен од употреба.

Колеџ статистика[уреди]

Година Екипа О.Н. Ст. Мин. П.П. П.Т. СФ Ск. Ас. У.Т. Бл. Поени
2005–06 Иглс 30 30 33.0 .490 .372 .760 4.8 4.1 2.2 0.3 24.2
2006–07 Иглс 29 29 33.3 .453 .267 .846 4.7 5.5 2.4 0.3 24.6

НБА[уреди]

Во 2007 тој бил избран од страна на Детроит Пистонс како 15-ти пик во првиот круг на драфтот. За време на летната лига Стаки експлодирал. Просечно бележел по 32.1 поен, 5.5 скока и 9.1 асистенција. Родни ја имал таа несреќа да ја скрши левата рака во последниот натпревар од подготовките за новата сезона, што го чинело пауза од НБА паркетите околу 8 недели. Сепак, по успешната рехабилитација од повредата Стаки го направил своето деби во НБА лигата на 21 декември 2007 против Мемфис Гризлис, уфрлувајќи 11 поени за 6 минути поминати на паркетот. Во неговата руки сезона тој имал просек од 7.6 поени, 2.3 скока и 2.8 асистенции играјќи по 19 минути по натпревар во просек: сепак треба да се нагласи дека тој започнал како стартер само во два од 57 натпревари во колку играл во регуларниот дел од сезоната. Тој, исто така, одиграл важна улога и во плеј-офот и имал по 8.2 поени по натпревар, помагајќи му на Детроит да стигнат до конференциското финале, каде биле поразени од Бостон Селтикс со 4-2.

На крајот од сезоната 2007-08 Стаки бил избран во All-Rookie екипата.

Следната сезона Стаки станал редовен стартер во првата петорка на Пистонс, заземајќи го местото на главен плејмејкер на тимот по заминувањето на Чонси Билапс од клубот. На 23 декември 2008, во натпревар против Чикаго Булс, Стаки постигнал 40 поени што е негов личен рекорд за најмногу постигнати поени на еден натпревар. Тој имал 13.4 поени по натпревар во регуларниот дел од сезоната, а 15 во плеј-офот. Стаки истотака настапил на ол-стар викендот 2009, играјќи за Софмор тимот кој ги победил дебитантите со 122-116, а тој имал 12 поени, 3 скока и 9 асистенции.[3]

Сезоната 2009-10 била најдобра за Стаки во неговата НБА кариера, во многу статистички показатели како: најмногу започнати натпревари како стартер (67), најмногу поени по натпревар (16.6), најмногу остварени скокови по натпревар (3.8), најмногу украдени топки по натпревар (1.4).

На 23 март 2011, Стаки извел фантастично забивање преку центарот на Мајами Хит, Крис Бош.[4]

Статистика на кариерата[уреди]

Стаки го предводи нападот на Пистонс против Бобкетс

Општи податоци[уреди]

Статистика од 11 јануари 2013

  • Најмногу поени на еден натпревар: 40 против Чикаго Булс (23/12/2008)
  • Најмногу скокови: 11 против Бостон Селтикс (20/01/2010)
  • Најмногу асистенции: 14, на двапати
  • Најмногу блокади: 2, три наврати

Регуларен дел од сезоната[уреди]

Година Екипа О.Н. Ст. Мин. П.П. П.Т. СФ Ск. Ас. У.Т. Бл. Поени
2007-08 САД Детроит Пистонс 57 2 19.0 .401 .188 .814 2.3 2.8 .9 .1 7.6
2008-09 САД Детроит Пистонс 79 65 31.9 .439 .295 .803 3.5 4.9 1.0 .1 13.4
2009-10 САД Детроит Пистонс 73 67 34.2 .405 .228 .833 3.8 4.8 1.4 .2 16.6
2010-11 САД Детроит Пистонс 70 54 31.2 .439 .289 .866 3.1 5.2 1.1 .1 15.5
2011-12 САД Детроит Пистонс 55 48 29.9 .429 .317 .834 2.6 3.8 .8 .2 14.8
2012-13 САД Детроит Пистонс 76 24 28.6 .406 .302 .783 2.8 3.6 .7 .2 11.5
Кариера 410 260 29.5 .421 .288 .826 3.1 4.2 1.0 .2 13.4

Плеј-оф[уреди]

Година Екипа О.Н. Ст. Мин. П.П. П.Т. СФ Ск. Ас. У.Т. Бл. Поени
2008 САД Детроит Пистонс 17 2 22.4 .371 .286 .879 1.9 3.4 1.1 .1 8.2
2009 САД Детроит Пистонс 4 4 32.0 .393 .000 .857 2.3 5.3 .0 .0 15.0
Кариера 21 6 24.2 .379 .133 .875 2.0 3.8 .9 .1 9.5

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]