Чак Дејли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чак Дејли

Чарлс Џером „Чак“ Дејли (роден 20 јули, 1930 во Света Мери, Пенсилванија) — бивш американски кошаркарски тренер. Тој е прославен како тренерот на Детроит Пистонс цели девет години, здобивајки се со едно-подруго НБА-титули во 1989 и 1990, и исто така е познат како тренерот на оригиналниот Дрим тим на ЛОИ 1992 во Барселона. За време на својата 14-годишна НБА-кариера, тој бил тренер и на Кливленд Кавалиерс, Њу Џерси Нетс и Орландо Меџик. Тој бил примен во Кошаркарската куќа на славните во 1994.

Тренерска Кариера[уреди | уреди извор]

Дејли порасна во Кејн, Пенсилванија, каде учеше во „Свети Калистус“ Католичко Школо. Играше кошарка за колеџот „Свети Бонавентур“ Универзитет (1948-49) и Блумберг Универзитетот на Пенсилванија (1949-52). Неговата тренерска кариера започна на нивото на средни училишта, и тој го предводеше средното училиште на „Пунксуставни“ (Пенсилванија) до резултат од 111-70 (.613), од 1955-63.

Дејни во 1963 ја започна кариерата како колеџ-тренер, како асистент-тренер на Дјук Универзитетот од (1963-69), а потоа како главен тренер во Бостон Колеџ (1969-71) и Универзитет на Пенсилванија (1971-77). Тој го предводеше „Пен“ до четири по ред титули на Ајви Лигата, и четири по ред настапи во елитната НЦАА Машка прва дивизија во кошарка попозната како „НЦАА турнирот“, од 1972 to 1975. Тој ги предводеше „Пен Квејкерс“ до две напоредни НЦАА Источни Регионални финалиња во 1971 и 1972, здобивајќи се со сезона без ниту еден пораз во 1970-1971. Сè на сè, Дејли заврши со резултат од 151-62 (.709) како тренер во колеџите. Тој ја започна својата тренерска кариера во НБА како асистент-тренер под Били Канингхам во Филаделфија Севентисиксерс.

Тренерски обележија[уреди | уреди извор]

  • Џон Сали му го даде прекарот „Деди Рич“ (богатиот татко) на Дејли, поради неговите исклучително скапи одела кои ги носеше на утакмици.
  • Контровезниот Денис Родман, во својата авто-биографија отиде толку далеку да го наречи Дејли „Бога“ што го научи да игра неверојатно-добра одбрана и рече дека ги обожавал посветеноста и итрината на Дејли на паркетот.
  • Во деветте сезони под Дејли, Пистонси се пласираја во разигрувањето сите девет пати.
  • Во деветте сезони под Дејли, Пистонси имаа повеќе победи од порази во секоја сезона.
  • Во деветте сезони под Дејли, Пистонси имаа повеќе од 50 победи во регуларната сезона дури пет пати.
  • Дејли е тренерот на Детроит Пистонс со најмногу победи и во регуларната сезона (467 победи) и во разигрувањето (71 победа).
  • Во 14 сезони во НБА, имаше скор од 638-437 (.593) во регуларната сезона и 75-51 (.595) во разигрувањето.
  • Беше тренерот на тимот на источната конференција на НБА Ол-стар мечот 1990, победувајки 130-113.
  • „Пистонси“ го имаат пензионирано бројот 2 во чест на двете титули што ги освои Дејли
  • Во 1997, со избирањето на 50те најдобри играчи во историјата на НБА, Дејли беше избран за еден од најдобрите 10 тренери во првите 50 години од историјата на НБА.
Година Тим Сезона Разигрување
1981-82 Кливленд 9-32 нема
1983-84 Детроит 49-33 2-3
1984-85 Детроит 46-36 5-4
1985-86 Детроит 46-36 1-3
1986-87 Детроит 52-30 10-5
1987-88 Детроит 54-28 14-9
1988-89 Детроит 63-19 15-2^
1989-90 Детроит 59-23 15-5^
1990-91 Детроит 50-32 7-8
1991-92 Детроит 48-34 2-3
1992-93 Њу Џерси 43-39 2-3
1993-94 Њу Џерси 45-37 2-3
1997-98 Орландо 41-41 нема
1998-99 Орландо 33-17 1-3
Збир 14 сезони 638-437 76-51

(^ Освоил НБА титула.)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Боб Кузи
Бостон Колеџ „Орли“ главен тренер
1969–1970
Наследник
Боб Зуфелато
Претходник
Дик Хартер
„Пен Квејкери“ главен тренер
1971–1976
Наследник
Боб Вајнхауер
Претходник
Боб Клопенбург
Кливленд Кавалиерс главен тренер
1981–1982
Наследник
Бил Маселман
Претходник
Скоти Робертсон
Детроит Пистонс главен тренер
1983–1992
Наследник
Рон Ротхстин
Претходник
Бил Финч
Њу Џерси Нетс главен тренер
1992–1994
Наследник
Буч Биард
Претходник
Ричи Адубато
Орландо Меџик главен тренер
1997–1999
Наследник
Док Риверс