Ликиса (општина)

Координати: 8°41′S 125°12′E / 8.683° ЈГШ; 125.200° ИГД / -8.683; 125.200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ликиса
Likisá
Општина
Ликиса
Ликиса
Знаме на Ликиса
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ликиса
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ликиса
Држава Источен Тимор
Главен градЛикиса
Површина
 • Вкупна549 км2 (212 ми2)
Население
 • Вкупно71 927
 • Густина130/км2 (300/ми2)
Часовен појасUTC+9 (UTC+9)
ИЧР (2017)0.636 medium

Ликиса (португалски: Município Liquiçá, тетум: Munisípiu Likisá) е една од општините (поранешни окрузи) на Источен Тимор. Главниот град на општината е исто така наречен Ликиса.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на португалската колонизација на источен Тимор, кралството Маубара, на запад од денешната општина Ликиса, беше заземено од Холандија во 1667 година, додека околните територии беа под доминација на Португалија. Холандското утврдување Маубара во близина на плажата е добро зачувано и сè уште го има оригиналниот топ што некогаш го чувал заливот. Подоцна, Португалија преговараше со Холандија во 1859 година и ја размени Маубара со островот Флорес во 1861 година, кој беше окупиран од Португалците во тоа време.

За време на индонезиската окупација, индонезиската влада изгради многу згради и инфракструктура во Ликиса, но по референдумот во 1999 година и за време на кампањата на милицијата скоро сè беше уништено. Најзначајно е тоа што многу жители на Источен Тимор беа убиени за време на масакрот во црквата Ликиса од април 1999 година. Маубара е локацијата каде што за првпат беше формирана страшната милициска група Беси Мерах Путих. Во септември 1999 година, американски полицаец кој служеше со Меѓународната полиција беше застрелан (иако не фатално) од про-индонезиските сили додека ООН ја евакуираа Ликиса.

Од септември до ноември 1999 година, животот се врати во нормала во Ликиса, бидејќи силите за чување на мирот на ООН од Португалија воспоставија база во Маубара, а меѓународната полиција го постави своето седиште во центарот на Ликиса. Првично, имаше 14 меѓународни полицајци доделени на Ликиса, кои ги претставуваа Шведска, Канада, Велика Британија, Гана, Малезија и САД. Токму во Ликиса почина првиот меѓународен полицаец во мисијата Источен Тимор, како резултат на заразување со денга треска; тој беше од Гана. Во овој период, Меѓународната полиција ја окупираше црквата каде што се одигра масакрот во Ликиса. Воен елемент на мировните сили за Ликиса беа португалските маринци.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Мапа на Ликиса

Општината Ликиса се наоѓа на северниот брег на Тимор и се граничи со општините Дили на исток, Ајлеу на југоисток, Ермера на југ и Бобонару на југозапад. На северозапад се наоѓа Савуанското Море. Општината има население од 71 927 жители и површина од 549 км². Нејзините административни места се Базартете, Ликвича и Маубара.[2]

Широко позната како прекрасна локација, има неверојатен поглед кон теснецот Омбаи, кој е највидлив додека се возите од Ликиса до Дили, заокружувајќи ја последната планинска кривина пред да се спуштите во долината. Плажите се карпести, како и повеќето плажи на Тимор, но сепак се убави. Реката што се спушта кон морето од планините е сува, освен во сезоната на монсуни. За тоа време, главниот пат се поплавув неколку пати, а секој пат го санира месното население. Единствената лоша страна на нејзината убавина е големото население на комарци кои носат и смртоносни болести маларија и денга треска.

Население[уреди | уреди извор]

Покрај националните официјални јазици тетумски и португалски јазик, скоро сите жители на Ликиса зборуваат на малајо-полинезискиот јазик Токодед.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Ликиса има прекрасни плажи (иако нема бели песоци) кои се многу привлечни за туризмот. Ликиса има и плантажи со кафе и некои минерали како злато. Неколку нуркачки места се расфрлаат долж крајбрежјето.

Инфракструктура[уреди | уреди извор]

Ликиса

За време на португалската окупација, имаше многу малку модерни куќи и згрди освен традиционалните колиби што ги користеле локлците од Источен Тимор. Повеќето згради биле изградени за време на индонезиската окупација, но повеќето од нив биле уништени за време на немирите на милициите и насилните напади по референдумот во 1999 година. Многу од индонезиските згради можеа да се поправат. Конструкцијата и дизајнот се традиционален индонезиски стил, кој е и застарен, но сепак уметнички и креативен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Source“. web.archive.org. 2006-05-28. Архивирано од изворникот на 2006-05-28. Посетено на 2020-11-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „населени места во Источен Тимор“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]