Либериско кафе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрво на Либериско кафе во Виетнам.

Либериско кафе или либериско кафе дрво е вид на скриеносеменици растенија од родот кафе од фамилијата Бросови. Ова е трет најчест вид во одгледувањето по Арабика (арапско кафе) и Робуста (конгоско кафе). Кафето Либериско природно расте во западна и централна Африка од Либерија до Уганда и Ангола и е натурализирано на Филипините, Индонезија, Сејшелите, Андаманските и Никобарските Острови, Француска Полинезија, Централна Америка, Западна Индија, Венецуела, Колумбија, Малезија и Бразил.[1][2]

Распространетост и екологија[уреди | уреди извор]

Оваа сорта на кафе за прв пат е откриена пред три века во шумите на Либерија, држава сместена на западниот брег на Африка, по што го добило и своето име. За време на шпанската колонијална ера од 1800-тите, либериското кафе е донесено и засадено во градот Липа, Филипини, а малку подоцна кон крајот на 19 век, зрната биле донесени во Индонезија за да ги заменат зрната Арабика уништени од лошите временски услови. Денес, Либерика се одгледува и широко се користи во Гвајана, Суринам, Биоко (Фернандо По), Сао Томе, Либерија, Малезија на Филипините и во помала мера Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Конго ( Бразавил ), Маврициус, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Виетнам, Тајван и Тимор.[3]

Биолошки опис[уреди | уреди извор]

Зимзелена грмушка или мало дрво, достигнувајќи височина од 20 метри и е издржливо.

Листовите се цели, малку брановидни, спротивни, на кратки ливчиња, често овенати.

Цветовите се бисексуални, миризливи, 3-6 по соцветие.

Плодот е овално-елипсовидна бобинка, поголема од онаа на арапското кафе. Семињата се спаруваат (по две).

Употреба[уреди | уреди извор]

Овој вид на кафе има многу силна арома, но прилично слаб вкус. Пијалокот, приготвен од зрната Либерика, нема висока содржина на кофеин. Со оглед на горенаведеното, видот ретко се користи - главно во мешавини на кафе, каде што се додава поради неговата арома (која во некои случаи може да биде посилна од Арабика).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. apps.kew.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-05-04. Посетено на 2017-07-18. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  2. „Coffees of Malaysia“. espressocoffeeguide.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-04-16. Посетено на 2018-04-16. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  3. „Сорт кофе Либерика | MyCoffeMall“ (руски). Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 2019-03-11. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)