Биоко
Познат и како Otcho | |
---|---|
Карта на Биоко | |
Географија | |
Место | Гвинејски Залив |
Координати | 3°30′N 8°42′E / 3.500° СГШ; 8.700° ИГД |
Површина | 2,017 км2 |
Должина | 70 км |
Ширина | 32 км |
Највисоко место | 3.012 м |
Највисока точка | Пико Басиле |
Држава | |
Најголема населба | Малабо (pop. 155,963 (2005 проц.)) |
Демографија | |
Население | 334,463 (2015 попис) |
Густина | 165,8 /km2 (4.294 /sq mi) |
Етнички групи | Бубијци (58%), Фанг (16%), Фернандинци (12%), Игбоанци (7%) (2002)[1] |
Биоко (шпански, француски и португалски: Bioko или Bioco), а за време на португалската колонијална управа познат како Фернандо По (Fernando Poo) е остров во Екваторска Гвинеја. Островот е оддалечен 32 км од западниот брег на Африка. Островот е поблиску до брегот на Камерун, одошто со копнениот дел на Екваторска Гвинеја. Вкупната површина на островот според пописот од 2005 година изнесува 334,463 жители[2] и има вкупна површина од 2017 км2. На островот се наоѓа главниот град на Екваторска Гвинеја - Малабо.
Географија
[уреди | уреди извор]Биоко има вкупна површина од 2017 км2 и се наоѓа во Гвинејскиот Залив. Островот е долг 32 км во правец север-југ. Островот е вулкански и планински и највисок врв е Пико Басиле со 3012 метри надморска височина. Островот по гео-морфолошките и релјефни одлики наликува на соседните острови Саун Томе и Принсип. До пред 10.000 години Биоки бил крајниот дел на полуостров кој излегувал од брегот на денешен Камерун.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2005 година, островот имал вкупно население од 334,463 жители.[4] Историско староседелско население биле Бубијците, кои денес претставуваат 58% од населението. Покрај нив, на островот живеат Фанг со 16%, Фернандинци со 12% и Игбо со 7%.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Minahan, James (2002). Encyclopedia of the Stateless Nations: A-C. Greenwood Publishing Group. стр. 330. ISBN 0313321094.
- ↑ Census 2015, DGECN, Equatorial Guinea.
- ↑ McNeil Jr, Donald G. (16 September 2010). „Precursor to H.I.V. Was in Monkeys for Millenniums, Study Says“. The New York Times.
- ↑ „Bioko“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 28 April 2015.
- Room, Adrian (1994). African placenames. Jefferson, North Carolina (USA): McFarland. ISBN 0-89950-943-6
- Sundiata, Ibrahim K. (1990). Equatorial Guinea: Colonialism, State Terror, and the Search for Stability. Boulder, Colorado (USA): Westview Press. ISBN 0-8133-0429-6
- Janikowski, Leopold (1886). L'ile De Fernando-Poo, Son Etat Actuel Et Ses Habitants [The Island of Fernando Po, its current state and its inhabitants] (француски) (Bulletin De La Société De Géographie, Septième Série. - Tome Septième. изд.).
- Janikowski, Leopold (1887). La Isla de Fernando Póo, su estado actual y sus habitantes [The Island of Fernando Po, its current state and its inhabitants] (шпански) (Boletín dela sociedad Geográfica de Madrid XXII. изд.). стр. 67–77 and 201–211.
- Janikowski, Leopold (1936). W dżunglach Afryki. Wspomnienia z polskiej wyprawy afrykańskiej w latach 1882-90 [In the African Jungle. Memories of the Polish expedition to Africa in the years 1882-1890] (полски) (1936. изд.). Warsaw, Poland: Wydawnictwo Ligi Morskiej I Kolonjalnej; Skład Główny: Instytut Wydawn. Bibljoteka Polska S. A. Архивирано од изворникот на April 9, 2015. Посетено на April 9, 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Биоко“ на Ризницата ? |