Куп на Македонија во кошарка 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куп на Македонија 2019
Детали за турнирот
Датум(и)12-14 април
ГрадГевгелија
Сала26 Април
Број на екипи8
ПрвакРаботнички (10. титула)
ВицепрвакБлокотехна НБ (1. финале)
ПолуфиналистиМЗТ Аеродром
Гостивар
Одиграни натпревари7
Најкорисен играчБугарија Чавдар Костов (Работнички)
Гледаност4,426 (632 по натпревар)
2018
2021

Купот на Македонија 2019 - 27. издание на Купот на Македонија во кошарка. Во ова издание учествувале првите осум екипи од полусезоната на Првата лига 2018/19, односно немало квалификации, и биле подредени според местоположбата на табелата од полусезоната. Поради загубата на својот играч Јовица Трпевски кој доживеал сообраќајна несреќа заедно со повеќе гостиварски сограѓани, КК Гостивар со поддршка од останатите клубови побарал да се одложи Купот кој требал да се одржи на 15 до 17 февруари.[1][2] Потоа МКФ одлучила Купот да биде одржан на 12 до 14 април.[3] Турнирот се одржал во спортската сала 26 Април во Гевгелија, во организација на КК Блокотехна НБ, КК Кожув, Општина Гевгелија и МКФ.[4][5][6] Во ова издание првак бил Работнички.

Ова било последното издание под називот Куп на Македонија бидејќи Кошаркарската федерација на Македонија го променила називот на натпреварувањето во Куп Благоја Георгиевски - Буштур за следното издание, во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој загинал во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020 година.[7]

Место на одржување[уреди | уреди извор]

Гевгелија
Спортска сала 26 Април
Капацитет: 1,600

Екипи учесници[уреди | уреди извор]

На завршниот турнир обезбедиле пласман екипите кои завршиле на првите осум места на табелата од полусезоната (до 11. коло) од Првата лига 2018/19. Пласманот на една екипа значел против која екипа ќе се натпреварува, односно систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.[5]

Место Екипа
1. Блокотехна НБ
2. Работнички
3. МЗТ Аеродром
4. Гостивар
5. Фени Индустри
6. Кожув
7. Куманово 2009
8. АВ Охрид
9. Вардар
10. Пелистер
11. Шкупи

Костур[уреди | уреди извор]

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                       
  1  Блокотехна НБ 115  
8  АВ Охрид 68  
  1  Блокотехна НБ 92  
  4  Гостивар 87  
4  Гостивар 88
  5  Фени Индустри 81  
    1  Блокотехна НБ 71
  2  Работнички 85
  2  Работнички 104  
7  Куманово 2009 80  
  2  Работнички 93
  3  МЗТ Аеродром 89  
3  МЗТ Аеродром 89
  6  Кожув 62  

Турнир[уреди | уреди извор]

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

12 април
2019
13:00
Извештај Блокотехна НБ 115, АВ Охрид 68    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 236
Четвртини: 27-18, 34-17, 25-17, 29-19
Пое: Б. Ѓумиќ 21
Ско: Д. Лазаревски 8
Дод: М. Младеновиќ 9
Пое: А. Настовски 14
Ско: А. Андријевиќ 9
Дод: А. Донески 5
12 април
2019
15:15
Извештај Работнички 104, Куманово 2009 80    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 120
Четвртини: 31-16, 23-22, 23-13, 27-29
Пое: Б. Крстевски 24
Ско: Ѓ. Чековски 5
Дод: Д. Мираковски, Д. Караџовски 6
Пое: И. Пенов 17
Ско: М. Ковач 6
Дод: Ф. Думиќ 8
12 април
2019
17:30
Извештај МЗТ Аеродром 89, Кожув 62    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 463
МРТ 1
Четвртини: 24-10, 16-15, 28-17, 21-20
Пое: Д. Стојановски 15
Ско: П. Самарџиски 8
Дод: Л. Медфорд 5
Пое: Д. Вилијамс 15
Ско: Д. Вилијамс 7
Дод: К. Пејн 5
12 април
2019
20:15
Извештај Гостивар 88, Фени Индустри 81    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 230
МРТ собраниски канал
Четвртини: 23-14, 21-18, 20-21, 24-28
Пое: Д. Тасовски 17
Ско: Б. Трајковски 14
Дод: А. Костоски 8
Пое: Г. Марковски 24
Ско: Ф. Бакоч 7
Дод: Ј. Петровски 11

Полуфинале[уреди | уреди извор]

13 април
2019
17:30
Извештај Блокотехна НБ 92, Гостивар 87    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 1,025
МРТ 1
Четвртини: 20-27, 24-27, 24-19, 24-14
Пое: Б. Пен 30
Ско: Б. Пен 9
Дод: К. Фандербурк 10
Пое: Т. Ефианаји 20
Ско: Т. Ефианаји 7
Дод: А. Костоски 7
13 април
2019
20:15
Извештај Работнички 93, МЗТ Аеродром 89 Пдж  Спортска сала 26 Април, Гевгелија МРТ 1
Четвртини: 22-12, 18-21, 20-18, 12-21Пдж: 7-7, 14-10
Пое: Ч. Костов 19
Ско: Ѓ. Чековски 10
Дод: Б. Стајиќ 6
Пое: А. Бојиќ 21
Ско: Џ. Вудард 12
Дод: Л. Медфорд 5

Финале[уреди | уреди извор]

14 април
2019
17:30
Извештај Блокотехна НБ 71, Работнички 85    Спортска сала 26 Април, Гевгелија
Гледачи: 1,352
МРТ 1
Четвртини: 17-22, 32-23, 10-20, 12-20
Пое: К. Фандербурк 24
Ско: Б. Пен 8
Дод: М. Младеновиќ 8
Пое: Ч. Костов 25
Ско: Ч. Костов 11
Дод: Б. Стајиќ 8

Победнички состав[уреди | уреди извор]

број име позиција државјанство
0 Бојан Крстевски Крилен центар
/ Центар
Македонија Македонија
1 Дариус Вашингтон Бек  САД
Македонија Македонија
3 Андреј Јордановски Разигрувач Македонија Македонија
4 Бобан Стајиќ Разигрувач Македонија Македонија
5 Димитар Мираковски (К) Разигрувач Македонија Македонија
6 Димитар Караџовски Бек Македонија Македонија
7 Стефан Младеновиќ Бек  Србија
Македонија Македонија
9 Ѓорѓи Чековски Крилен центар Македонија Македонија
10 Максим Митевски Македонија Македонија
11 Кирил Николовски Крилен центар
/ Центар
Македонија Македонија
20 Чавдар Костов Бек  Бугарија
25 Виктор Ефремовски Крило Македонија Македонија
55 Марјан Јанески Крилен центар Македонија Македонија
Дамјан Крстевски Бек Македонија Македонија
Дамјан Бошковски Македонија Македонија

Победник во
Купот на Македонија 2019
Работнички 10. титула

Главен тренер

Помошник тренер

Признанија[уреди | уреди извор]

Извор:[8][9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ОФИЦИЈАЛНО: МКФ поради трагедијата го одложи Купот на Македонија!“. gol.mk. 14 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  2. „ОФИЦИЈАЛНО: МКФ го одложи Купот кој требаше да се одржи викендов!“. sportmedia.mk. 14 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  3. „Познати новите термини: Купот ќе се игра од 12 до 14 април во Гевгелија“. gol.mk. 15 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  4. „По три години Гевгелија пак ќе го организира завршниот турнир од кошаркарскиот Куп“. gol.mk. 17 јануари 2019. Посетено на 18 јануари 2019.
  5. 5,0 5,1 „Купот дефинитивно ќе се игра во Гевгелија“. sportmedia.mk. 25 јануари 2019. Посетено на 26 јануари 2019.
  6. „ОФИЦИЈАЛНО: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија по пауза од три години!“. gol.mk. 25 јануари 2019. Посетено на 26 јануари 2019.
  7. „Заклучоци од редовна седница на УО на КФМ“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-16. Посетено на 16 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „МВП Чавдар Костов: А сега – титула!“. sportmedia.mk. 14 април 2019. Посетено на 14 април 2019.
  9. „Костов со двете признанија, најкорисен кошаркар и прв стрелец“. sportmedia.mk. 14 април 2019. Посетено на 14 април 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]