Кошаркарарскиот клуб Фени Индустри е македонски клуб со седиште во Кавадарци. Клубот е формиран во 2005 година под сегашното име и започнал со настапување во втората лига каде го освоил второто место. Исто така, таа сезона играл и во финалето на Купот на Македонија. Во следната сезона, 2006/2007, влегол во првата македонска кошаркарска лига каде го освоил шестото место. Тимот важи за еден од наследниците на поранешниот КК Тиквеш. Клубот во сезоните 2007/2008 и 2009/ 2010 бил шампион на Македонија, а во истите сезони го освоил и Купот на Македонија. Во сезоната 2010/11, просечна висина на играчите на Фени Индустри била 196.43 cm, додека просечна старост била 24.12 години.
Историја [уреди]
КК Фени Индустри под сегашното име бил основан во 2005 година. Овој клуб се смета за наследник на претходните два кавадерички клуба КК Алумни Деком Тиквеш, кој опстојувал од 1995 до 1997, потоа на КК Орка Спорт кој опстојувал од 1997 до 1999 и на КК Тиквеш кој опстојувал од 1999 до 2002 година.
До денес КК Фени Индустри во Македонија има забележано неколку успеси, меѓу кои[1]:
- шампион на Македонската лига во 2008 и 2010,
- победник на Купот на Македонија во 2008 и 2010,
- шампион на регуларната сезона на Македонската лига во 2008 и 2009
- финалист на Македонската лига во 2009
- второ место во регуларната сезона на Македонската лига во 2010
- полуфиналист на Македонскиот куп во 2009
Покрај Македонската лига, Фени Индустри има учествувани и во неколку европски купови, како што е Купот Корач, но и на балканските како што се Балканската лига во 2009 и 2010 кога и бил полуфиналист.[1]
Составот на Фени Индустри за сезоната 2010/11 е[2][1]:
Раководство [уреди]
За сезоната 2010/11, тренер на КК Фени Индустри бил Емил Рајковиќ, а негови помошници биле Љупче Малинков и Сашо Тодоровски. Физиотерапевт на тимот бил Орданчо Трајковски. Претседател на Фени Индустри е Амир Абед, а главен менаџер е Трајче Колев.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]