Корешта (село)

Координати: 40°37.26′N 21°12.6′E / 40.62100° СГШ; 21.2100° ИГД / 40.62100; 21.2100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Корешта
Νέος Οικισμός
Црквата „Св. Пантелејмон“ во Корешта
Црквата „Св. Пантелејмон“ во Корешта
Корешта is located in Грција
Корешта
Корешта
Местоположба во областа
Корешта во рамките на Костур (општина)
Корешта
Местоположба на Корешта во општината Костур и областа Западна Македонија
Координати: 40°37.26′N 21°12.6′E / 40.62100° СГШ; 21.2100° ИГД / 40.62100; 21.2100
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаКостур
Население (2011)[1]
 • Вкупно363
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.520 55
Повик. бр.24670-84

Корешта (дикалектно: Корешча; грчки: Νέος Οικισμός, Неос Икисмос или Κορέστια) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населено е исклучиво со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Корешта, на левиот (источен) брег на Рулска Река (Бистрица). Оддалечено е 12 км северно од градот Костур[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е создадено во 1960-тите години со преселување на македонското население од околните села Габреш на десниот брег Рулска Река, Горно и Долно Дреновени и Чрновишта и Поздивишта на левиот. Властите подигнале 150 нови куќи со намера да го префрлат населението со цел негово полесно контролирање. Во пописите од 1971 и 1981 г. населбата е заведена без жители, бидејќи населението сè уште одбивало да ги напушти старите села.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 218 420 363
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 34. ISBN 9989-9819-6-5.