Долна Лобаница

Координати: 40°34.00′N 21°3.00′E / 40.56667° СГШ; 21.05000° ИГД / 40.56667; 21.05000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Лобаница
Долна Лобаница is located in Грција
Долна Лобаница
Долна Лобаница
Местоположба во областа
Долна Лобаница во рамките на Костур (општина)
Долна Лобаница
Местоположба на Долна Лобаница во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°34.00′N 21°3.00′E / 40.56667° СГШ; 21.05000° ИГД / 40.56667; 21.05000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаКастраки
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долна Лобаница — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на околу 5 км југозападно од поранешното село Лобаница и на 2 км источно од селото Трстеник преку границата со Албанија.[1] Долна Лобаница било традиционално маало на костурското село Лобаница заедно со Горна Лобаница. Урнатините на селото се наоѓаат во непосредна близина на грчко-албанската граница и на албанска територија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Лабаница имала 535, а Долна — 20 жители Македонци.[2][3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Лабаница е означено како чисто македонско село во Горичката каза на Горичкиот санџак со 5 куќи.[4]

Селото Долна Лобаница е напуштено во немирното време по задушувањето на Илинденското востание во 1903 г.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 16. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 266. ISBN 954430424X.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 84.