Вич

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Вич (на грчки Вици) е највисокиот врв на Нередска Планина со 2.128 метри надморска височина. Се наоѓа во крајниот западен дел на Егејска Македонија, југо-западно од градот Лерин во правец на областа Преспа и албанско-грчката граница. Врвот Вич е делумно каменест и опкружен со високи треви, а до него се стигнува низ густи зимзелени шуми.

За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) на врвот Вич на Нередска Планина се одржала најголемата битка помеѓу ДАГ и монархо-фашистичките сили. Најголем број од борците во составот на ДАГ го сочинувале Македонци, а сосема мал дел биле Грци (претежно команден кадар). Неколку години пред битката на Вич се одржало и советувањето и обединувањето помеѓу КПГ и НОФ.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник