Берик (село)

Координати: 40°35.00′N 21°11.00′E / 40.58333° СГШ; 21.18333° ИГД / 40.58333; 21.18333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Берик
Μπερίκι
Берик is located in Грција
Берик
Берик
Местоположба во областа
Берик во рамките на Костур (општина)
Берик
Местоположба на Берик во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°35.00′N 21°11.00′E / 40.58333° СГШ; 21.18333° ИГД / 40.58333; 21.18333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаКорешта
Надм. вис.&10000000000000945000000945 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Берик (грчки: Μπερίκι) — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1] Се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на околу 5 км источно од селото Д’мбени, на мало растојание западно од патот Костур - Лерин (ЕО15).[1] Лежело во истоимената клисура Берик на Рулска Река, тука наречена Бистрица или Бериг,[2] (на грч. Ладопотамос). Денес тука се наоѓа и стариот Берички мост.

Историја[уреди | уреди извор]

Берик е било мало село, напуштено на крајот од XVIII век во немирното време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Берик, спахиски зиамет и тимар со 18 христијански домаќинства, 26 ергени христијани и 4 вдовици христијанки.[3] Жителите на Берик заедно со оние од околните села го основале селото Д’мбени, но некои семејства од Берик се преселиле во други блиски села.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 8. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 70.
  3. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 118.