Даненберг (Елба)
Даненберг (Елба)
Dannenberg (Elbe) | |
Старото Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Елбталауе |
Градоначалник | Гинтер Фос |
Основни податоци | |
Површина | 76,31 км2 |
Надм. височина | 14 м |
Население | 8.117 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 106 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29451 |
Повик. бр. | 05861 |
Портал | www.dannenberg.de |
Местоположба на градот Даненберг (Елба) во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 53°05′0″N 11°05′0″E / 53.08333° СГШ; 11.08333° ИГД |
Даненберг (службено наречен: Даненберг (Елба); германски: Dannenberg) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 30 километри северно од градот Залцведел и 50 километри југоисточно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Елбталауе.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Даненберг се наоѓа на реката Јецел близу нејзиниот влив во реката Елба, во средиште на природните области Вендланд и Алтмарк, долината на Елба и Линебуршкото Поле. Околу Даненберг се наоѓа биосферниот резерват на УНЕСКО Долносаксонска Елбталауе. Иако градот (најмалку до општинската реформа од 1972 г.) не се наоѓа директно на реката Елба, го носи додатокот Елба, за да се разликува од другите истоимени места.
Соседни општини[уреди | уреди извор]
Градот Даненберг се граничи со шест општински единици од општинската заедница Елбталауе. Тоа се општините Дамнац (североисток), Гусборн (исток), Јамелн (југ), Карвиц (запад), Герде и градот Хицакер (обата северозапад). На север од градот, во местото Пенкефиц, Даненберг се граничи со општината Амт Нојхаус од округот Линебург.
Градски единици[уреди | уреди извор]
Градот Даненберг се состои од 28 единици по спроведената општинска реформа од 1972 година. Дополнително постојат пет имоти.
|
|
|
|
Имоти
|
|
|
|
|
Историја[уреди | уреди извор]
Историјата на градот започнала со изградбата на замокот (првпат споменат во 1153 година) во текот на владеењето на Волрад I, гроф на Даненберг (1153–1169), кој имал за задача да ја насели и обезбеди територијата од страна на војводата Хајнрих Лавот.
Полапските имиња на Даненберг се Вајдарс (Weidars) и Војкам (Woikam).
Политика[уреди | уреди извор]
Градот Даненберг припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[3][4]
Градски совет[уреди | уреди извор]
Градскиот совет се состои од 23 избрани членови.[5]
CDU | Зелени | SPD | ЗОЛи | UWG | Граѓанска листа | Вкупно | |
2016 | 8 | 3 | 4 | 2 | 3 | 3 | 23 места |
Градоначалник[уреди | уреди извор]
Градоначалник на градот Даненберг е Гинтер Фос.
Сите градоначалници од 1945 година:
- 1945–1946: Вилхелм Ордас
- 1946–1949: Херман Штраус
- 1949–1968: Вили Копс (CDU)
- 1968–1972: Зигфрид Абрахам (SPD, подоцна CDU)
- 1972–1984: Валтер Ешрих (CDU)
- 1984–1991: Херман Предел (CDU)
- 1991–2001: Бернард Фатман (SPD)
- 2001–2010: Петер Зелбер (CDU)
- 2010–2011: Гинтер Фос (независен, Група Фос/CDU)
- 2011–2016: Елке Мундхенк (Сојуз 90/Зелени)
- од 2016: Гинтер Фос
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Даненберг бил збратимен со следниве градови:
Познати луѓе[уреди | уреди извор]
- Август Помладиот (1579-1666) — војвода
- Јоханес Шулц (1582-1653) — композитор
- Августин Готфрид Лудвиг Лентин (1764-1823) — писател и преведувач
- Елеоноре Прохаска (1785-1813) — војник
- Теодор Кернер (1791-1813) — писател
- Бернхард Риман (1826-1866) — математичар
- Хари Бреслау (1848-1926) — историчар и дипломат
- Николас Борн (1937-1979) — писател
- Детлеф Вајгел (р. 1961) — биолог
- Кај Фагашински (р. 1974) — кларинетист и композитор
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Поглед на Амтсберг
-
Новоградба со делови од старата фасада на изгорениот хотел „Ратскелер“
-
Улица во градот
-
Стари куќи во градот
-
Железничката станица Даненберг-Ост
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich, Teil I, Berlin 1939; S. 265.
- ↑ Предлошка:Webarchiv
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
„Даненберг“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|
|