Шнакенбург

Координати: 53°02′12″N 11°34′5″E / 53.03667° СГШ; 11.56806° ИГД / 53.03667; 11.56806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шнакенбург

Schnackenburg

Поглед на градот
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Шнакенбург
Шнакенбург во рамките на Германија
Шнакенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лихов-Даненберг
Општ. заед. Гартов
Градски единици 4
Градоначалник Ирене Браде (WGS)
Основни податоци
Површина 23,70 км2
Надм. височина 17 м
Население 531 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 22 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DAN
Пошт. бр. 29493
Повик. бр. 05840
Портал www.gartow.de
Местоположба на градот Шнакенбург во рамките на округот Лихов-Даненберг
Карта
Карта
Координати 53°02′12″N 11°34′5″E / 53.03667° СГШ; 11.56806° ИГД / 53.03667; 11.56806

Шнакенбург (германски: Schnackenburg) — мал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува најисточен дел во сојузната покраина Долна Саксонија, а со население од само 600 жители претставува еден од најмалите градови во Германија.

Се наоѓа на левиот брег на Елба. Градот од сите страни, освен од запад, се граничи со територија на поранешната Источна Германија.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Полапското име на Шнакенбург е Годегорд (Godegord), што веројатно означува „град на змиите“. Германското име Шнакенбург доаѓа од долносаксонскиот Снак (Snaak или Snack) и Борг (Borg) и има исто значење.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Шнакенбург се наоѓа во долината на Елба. Во градското подрачје во нејзе се влева Аланд. До повторното обединување на Германија во Шнакенбург постоела царинска и гранична контрола за бродскиот сообраќај. Фериботската линија со Литкенвиш во Бранденбург се обновила во 1990 година.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Шнакенбург се состои од следниве четири места:

  • Гумерн
  • Холторф
  • Каперн
  • Шнакенбург

Соседни места[уреди | уреди извор]

Соседни места се Ланц, Бабекул, Бернхајде, Мителхорст и Јагел на североисток, Литкенвиш и Кумлозен на исток, Мигендорф, Клајн Ванцер, Ванцер, Аулозен и Штрезов на југоисток, Гумерн на југ, Каперн, Зоненхоф, Бухорст, Гартов, Кварнштет со Холторф на југозапад, како и Елбхолц, Гандов и Вустров на северозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1945 и 1990 година, Шнакенбург се наоѓа на внатрегерманската граница и имал граничен премин за речниот сообраќај на Елба. Преминот бил отворен за товарни возила помеѓу Чехословачка, Источна Германија (до 1949 година, советската окупациска зона) или Западен Берлин и Западна Германија (до 1949 година, британската окупациска зона). Сообраќајот бил предмет на меѓузонските сообраќајни одреди, кои помеѓу Западна Германија и Западен Берлин следеле по договорот од 1972 година.

Политика[уреди | уреди извор]

Градот Шнакенбург припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[2][3]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 9 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:

  • Изборна група Шнакенбург - 9 места

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалничка на градот е Ирене Браде.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Landtagswahlkreise ab 16. Wahlperiode. Wahlkreiseinteilung für die Wahl zum Niedersächsischen Landtag. Anlage zu § 10 Abs. 1 NLWG, p. 4. (pdf Архивирано на 25 јули 2011 г.; 87 kb).
  3. Beschreibung der Wahlkreise. Anl. zu § 2 Abs. 2 Bundeswahlgesetz. In: Achtzehntes Gesetz zur Änderung des Bundeswahlgesetzes. Anl. zu Artikel 1. Bonn 18. März 2008, p. 325. (pdf Архивирано на 25 јули 2011 г.; 200 kb).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]