Јецел

Координати: 53°9′26″N 11°2′38″E / 53.15722° СГШ; 11.04389° ИГД / 53.15722; 11.04389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јецел
Местоположба
Физички особености
УстиеЕлба
53°9′26″N 11°2′38″E / 53.15722° СГШ; 11.04389° ИГД / 53.15722; 11.04389
Должина73 км
Особености на сливот

Реката Јецел[1], која извира во Алтмарк под името Jeetze (Јеце)[1], тече од Саксонија-Анхалт низ Долна Саксонија, во Германија. Од нејзиниот извор во близина на селото Дениц, тече кон север низ Бецендорф, Залцведел, Вустров, Лихов и Даненберг, пред да се влее во Елба во Хицакер. Нејзината вкупна должина е 73 километри.

Лева притока на Елба, Јецел самата има неколку притоки, како што се Залцведел Думе и Вустров Думе. Името е словенско и означува јасенов поток.

Историски, кога нивото на Елба се зголемувало, ја поплавувала Јецел, која течела кон „назад“ и ја поплавувала околината. Денес, системот на канали ги спречува поплавите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ханс-Јоаким Улеман и Мартин Еколт, Kleine Nebenflüsse der Elbe oberhalb des Tidegebietes, објавена во Ханс-Георг Браун од 1988 Flüsse und Kanäle.