Голема Албанија
Голема Албанија е политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ (-{Shqipëria e Madhe}-).
Во САД постои големо лоби кои ја промовираат идејата за Голема Албанија. Лобито го формирал поранешниот американски конгресмен Џозеф Диогарди, кој е етнички Албанец.[1]
Содржина |
[уреди] Области кадешто живеат етнички Албанци
Грција
- Jужен Епир или Чемерија. Грција има строги правила за етничката припадност и цел на асимилација, тако да е многу тешко да се утврди точниот број на албанското малцинство.
Македонија
Србија
- Косово и Метохија
- Прешевската долина во јужна Србија: општините Прешево, Бујановац и дел на Медвеѓа.
- Српскиот дел од Санџак, историски познат како Новопазарски Санџак
- Топличкиот округ
Црна Гора
[уреди] Фашистичка Голема Албанија
Помеѓу 1941 и 1945 година, во текот на фашистичката окупација, Италија го анектираше најголемиот дел на Косово и Метохија, западните делови на Македонија и источните делови на Црна Гора и ги приклучила во таканаречената Голема Албанија, која беше италијански протекторат,со кралски указ од 12. август 1941 година.
Од Албанаците се формирани единици како помошна полиција. Во градовите по 20-30, а во селата по 10-15 луѓе. Во поголемите места се италијанските квестури со 30-40 полицајци. Од Албанците Италијаните и Германците се формираат албански квислиншки формации: Бали Комбетар, дивизија СС Скандербег и Реджимент Косово.
[уреди] По втората светска војна
[уреди] Косово и Метохија
Косово ден денес има Албанско мнозинство, кое е пресметано дека е околу 92%. [2]
[уреди] Прешево, Медвеѓа и Бујановац
[уреди] Македонија
[уреди] Моментален статус
Неодамнешната независност на Косово би можела да биде интерпретирана како успех за креирањето на Голема Албанија (ако оваа територија би била приклучена кон Албанија или федерализирана во државата), иако ООН јасно кажа дека ако Косово стане независно, приклучување кон друга држава нема да биде можно. Во анкета направена од Програмата за развој при Обединетите Нации УНДП, и објавена во Март 2007 година, само 2.5% од Албанците во Косово мислат дека унификација со Албанија би било најдобро решение за Косово. 96% од испитаниците сакаа Косово да биде независно во своите денешни граници.[3]
[уреди] Наводи
- ↑ Америчко-албанското лоби за Голема Албанија
- ↑ CIA. „The World Factbook“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/kv.html. проверено на 27 July 2010.
- ↑ UNDP: Early Warning Report. March 2007, p. 16 (Online text)