Вилијам Кид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Капетан Вилијам Кид

Капетан Вилијам Кид (околу 1646 - 23 мај 1701) бил познат шкотски морепловец којшто е познат по неговите пиратска распрвија по неговото патување до Индискиот Океан.Многу историчари тврдат дека тој за неговиот обид бил подржан од англискиот парламент.Благодарение на дозволата за употреба на вооружен брод тој ја стекнал и својата слава.

Биографија[уреди]

Според најпознатите учители, Вилијам Кид е роден во Белфаст, Ирска во 1645 година. Но,сепак денес постојат и информации дека тој е роден во Данди, иако можно е да се претпостави дека тој бил роден во Гринок. Според други приказни, неговиот татко размислувал да посвети црква за шкотскиот министер. Кога имал само 5 години, поочинал неговиот татко. Тој се преселил во Њујорк каде што се запознал и спријателил со многу видни луѓе. За време на Деветгодишната војна, на наредба од провинцијата Њу Јорк, Вилијам Кид освоил противнички вооружен брод и го изнел од нрегот на Нова Англија. Кратко потоа Кид бил награден со £150 поради неговото пиратство во Карибите. По една година, познатиот пират капетан Роберт Калифорд го украл неговиот брод, додека тој бил на брегот на брегот на островот Антигва. Во 1695, Вилијам III од Англија го сменил корумпираниот и нечесен гувернер Бенџамин Флечер, којшто примал мито од $100 за да овозможи трговија со пиратскиот плен. На негово место бил назначен Ричард Кут, ерлот од Беломонт. Во Њу Јорк, Вилијам Кид се ангажирал и околу изградбата на црквата Тринити.

Подготовките за ењкспедицијата[уреди]

На 11 декември 1695, новоназначениот гувернер Ричард Кут побарал од Вилијам Кид да се спротивстави на озлогласените пирати Томас Тју, Џон Ајрланд, Томас Вејк, Вилијам Мејз коишто биле во сојузништво и со непријателските француски бродови. Со ова се појавила потребата за патувањето на Вилијам Кид и неговото прославување како пират.

Четири петини од трошоците ги покриле угледни, имотни и моќни Англичани, а Кид добил и писмо директно од англискиот крал Вилијам III. Во писмото се предвидувале 10% од пленот да бидат наменети за кралот. Вилијам Кид со својот помошник Роберт Ливингстон го прифатиле целиот план и го покриле остатокот од средствата коишто им биле потребни. За таа цел Кид морал да го продаде својот брод Антигва.

Новиот брод Авантуристичка галија бил наменет токму за ловење на пирати. Бродот бил тежок 284 тони, имал 34 топови, а собирал 150 луѓе. Бродот имал и весла којшто му ја давале клучната предност во борбите против противничките бродови, бидејќи со нив тој можел да маневрира на големите бранови коишто ги потопувале противничките бродови.

Пловејќи по Темза, Вилијам Кид со новиот брод се сретнал со морнаричка јахта со којашто требал да се поздрави на вообичаениот начин, но тој не го сторил тоа и јахтата испалила оган. На тоа Вилијам Кид омаловажувачки ја свртел јахтата и си продолжил со пловидбата.

Поради тоа што од неговиот екипаж не испратиле поздрав, Вилијам Кид пратил дел од екипажот во кралската морнарица што наишло на големи протести. На патот до Њу Јорк, Вилијам Кид освоил француски брод. По пристигнувањето во Њу Јорк, тој сакајќи да го зајакне екипажот извршил промени и поставил офицери.

Помеѓу офицерите четвртар бил Хендрик ван ден Хојл. Во тоа време четвртарот бил втрор човек на бродот по капетанот. Хендрик ван ден Хојл најверојатно бил африкански или афро-американски потомок, а бил опишуван како „малиот црн човек“.

Лов на пирати[уреди]

Во септември 1696, Кид се упатил кон 'ртот Добра Надеж. Меѓутоа имал лоша среќа, па така третиот екипаж наскоро биле заболени и умреле од колера на Комори. Колку да биде уште полошо на неговиот брод се појавиле пукнатини, а бродот во потрага по пиратски бродови имал судир на островот Мадагаскар. Тогаш, Вилијам Кид запловел северно кон протокот Баб-ел Мандеб со што запловил по Црвеното Море. Таму тој нападнал мугалски конвој, но бил поразен.

На Кид му станало јасно дека така не се ловат пирати, па тој на секој начин се обидувал барем да ги покрие трошоците. Кид повторно не успеал во нападите на неколку бродови, а дел од нговиот екипаж избегале, а оние коишто останале биле присилени на побуна.

Вилијам Кид на својот брод, Авантуристичка галија

Кид бил многу нервозен и убил еден член од екипажот на 30 октомври 1697 година. Покрај бродот запловел холандски брод којшто го здогледал пиштолџијата Вилијам Мур. Тој му велел на Кид да го нападне бродот, но Кид го одбил и го нарекол одвратно куче. На тоа Мур одгорил, „Ако јас сум одвратно куче, тогаш сигурно ти ме направи, ти и ме однесе со тебе да упропастувам и многу повеѓе“. По тоа, Кид нервозно земал и со железна шипка го удрили убил Вилијам Мур.

Расправијата и смртта на Вилијам Кид[уреди]

Уште пред враѓањето во Њу Јорк, Вилијам Кид дознал дека е посакуван и ловен пират и дека неколку Англичани го бараат. По ова тој со својот брод апловил во Карибите, па кон Њујорк при што богатството го оставил на островот Гардинер којшто му послужил како место на застанување.

Ерлот од Беломонт, Ричард Кут којшто се наоѓал во Бостон знаел дека не може многу да се очекува о пиратството на Вилијам Кид, па го повикал во Бостон. Тој во разговорот со него бил лицемерно милостлив и на 6 јули 1699 година наредил Кид да биде уапсен. Тој бил сместен во затворот Стоун каде што најчесто бил во самица и бил готов да полуди. Во затвор била сместена и неговата жена Сара.

Тој бил испратен во Англија каде што во англискиот парламент бил политички искористен од страна на ториевците. Тие го испратиле пред адмиралскиот суд во Лондон да одговара за пиратството во своето патување и смртта на Вилијам Мур.

Најпрвин тој бил казнет со што бил испратен во непознатиот затвор Њугејт, но на 23 мај во Вапинг, Лондон бил обесен.