Роке Бразилецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роке Бразилецот
Илустрација на Роке Бразилецот, (1678)
Роден(а)27 февруари 1630
Гронинген, Холандија
Исчезнал(а)c. 1671
на море
СтатусТелото не е никогаш пронајдено
Пиратска кариера
Период на дејност1654–1671
Штабно местоПорт Ројал, Јамајка

Роке Бразилецот (португалски: Roche Braziliano, Brasiliaan[1]), а некаде и само Рок (роден околу 1630 во Гронинген – исчезнал околу 1671), бил холандски пират. Тој имал многу долга пиратска кариера којашто започнала во 1654 година и траела сè до неговото исчезнување во 1671. Во историјата нема доволно податоци за неговото вистинско име, но денес општо прифатено е „Роке Бразилецот“ коешто го добил со неговиот азил во Бразил[2].

Пиратската кариера[уреди | уреди извор]

Роке Бразилецот бил жесток буканир којшто бил активен околу кралското пристаниште, Јамајка. Во Баија, Бразил тој бил гусар пред да се пресели во кралското пристаниште во 1654 година. Тој бил водач на една побуна и својот живот го живеел како буканир. Уште на првото свое патување, тој освоил брод полн со непроценливо богатство и безбедно се вратил во Јамајка. Тој најверојатно бил фатен и однесен во Шпанија, од каде што избегал поради казната којашто требала да му биде пресудена. Тој наскоро ја продолжил својата разбојничка кариера, купувајќи нов брод од својот другар Франсоа Л'Олона и подоцна запловил заедно со Сер Хенри Морган.

Големото ѕверство[уреди | уреди извор]

Додека бил пијан, Роке Бразилецот им се заканил на сите оние што нема да пијат со него дека добро ќе ги измачи. Тој набодел двајца шпански земјоделци на колци откако тие одбиле своите прасиња да ги поделат со него. Тој варварски се однесувал со шпанските затвореници, осакатувајќи ги и ставајќи ги живи да се печат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lunsford, Virginia W. (2005). Piracy and Privateering in the Golden Age Netherlands. Palgrave Macmillan. стр. 62–63. ISBN 1-4039-6692-3.
  2. Platt, Richard (1995). Eyewitness Guide to Pirates. London: Dorling Kindersley. стр. 64. ISBN 0-7513-6035-X.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]