Шалонер Огл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер Шалонер Огл

Сер Шалонер Огл (1681- 1750) бил познат британски адмирал.

Тој бил од имотот Киркли Хол и бил член на познатото семејство Огл.

Во 1721 година, тој предводел флота во акцијата на западноафриканскиот брег. Во 1722, тој ја уништил флотата на пиратот Бартоломеј Робертс. Со тој успех, Огл бил награден со титулата витез. Неговата специјалност се смета дека била отстранувањето на пиратите.

Тој со своите дејствија многу се збогатил, а особено по земањето на златото од двата брода на Бартоломеј Робертс, Кралска среќе и Рејнџер („Скитник“).

Во 1741 година, како адмикрал на сините сили, капетан Шалонер Огл го предводел британскиот напад во Картагена, Колумбија. Во 1742 година бил обвинет дека го нападнал сојузникот Едвард Трелани којшто бил гувернер на Јамајка, но се спасил и бил назначен за адмирал на белите, а во 1747 и за адмирал на целата флота.

Шалонер Огл се женел два пати, во 1726 и 1737, кога се оженил со својата братучетка Изабела Огл, ќерка на Натаниел Огл.

Кон крајот на својот живот, тој живеел на имотот Џифорд Лоџ во Твикенхам каде што умрел во 1750.