Бекерел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бекерел (симб. Bq, Бк) — изведена SI-единица за радиоактивност. Еден бекерел се дефинира како активноста на радиоактивните супстанции со еден распад (т.е. на едно јадро) во секунда.[1] Единицата е наречена по францускиот научник Анри Бекерел (1852-1908), добитник на Нобеловата награда во 1903 заедно со Пјер и Марија Кири за откривањето на радиоактивноста.

Кај радиоактивен материјал со извесна маса, бројот на бекерели се менува со текот на времето. Затоа кога се проценува радиоактивното распаѓање, примерокот се зема од краткотрајни изотопи, а потоа се врши прилагодување за саканиот момент во времето (во минатото или иднината). Така, можеме да го наведеме количеството на радиоактивност што сè уште ќе биде присутно по десет дена. Просечното човечко тело има 4400 бекерели од распадот на калиумот-40, кој е природен изотоп на калиумот во телото.

системот SI го користи бекерелот наместо секундата како единица за изразување на активноста со цел да спречи кобни забуни: изразувањето во бекерели е правопропорционално на активноста, па затоа поопасниот извор на зрачење прикажува поголем износ. Изразувањето во секунди е обратнопропорционално на активноста.

Префикси[уреди]

Како и останатите единици од SI, бекерелот се користи со претставки, и тоа најчесто kBq (килобекерел, 103 Bq), MBq (мегабекерел, 106 Bq), GBq (гигабекерел, 109 Bq), TBq (терабекерел, 1012 Bq) и PBq (петабекерел, 1015 Bq). 1 Bq во практика е премала едница, па затоа почесто се среќава префиксирана. На пример, природниот калиум (40K) во човековото тело предизвикува 4000 распади во секунда, што е еднакво на 4 kBq активност.[2] Се смета дека бомбардирањето на Хирошима (14 kt или 59 TJ) произвело 8×1024
 Bq
(8 YBq, 8 јотабекерели).[3]

Однос со единицата кири[уреди]

Кири (Ci) е постара единица за радиоактивност од друг систем ендаква на активноста на 1 грам радиум-226.

Равенствата помеѓу двете единици се следниве:

1 Ci = 3,7×1010 Bq
1 Ci = 37 GBq
1 μCi = 37 000 Bq
1 Bq = 2,70×10−11 Ci
1 Bq = 2,70×10−5 μCi
1 GBq = 0,0270 Ci

Дефиниција[уреди]

1 Bq = 1 s−1

Пресметување на радиоактивноста[уреди]

За извесна маса m (во грамови) на изотоп со атомска маса m_a (во g/mol) и период на полураспаѓање од t_{1/2} (in s), количеството на радиоактивност може да се пресмета вака:

радиоактивност (во Bq) = \frac{m}{m_a}N_A\frac{\ln(2)}{t_{1/2}}

Со N_A=6,022 141 79(30)×1023 mol−1 (Авогадрова константа).

На пример, еден килограм [[калиум] содржи 0,12 грама 40K (сите други изотопи се стабилни) што има t_{1/2} од 1,248×109 години=39,38388×1015 секунди, а има атомска маса од 39,96399848 g/mol, што значи дека радиоактивноста изнесува 31,825 kBq.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „бекерел“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Радиоактивност на човековото тело - Надгледна природонаучна настава на универзитетот Харвард (англиски)
  3. Michael J. Kennish, Pollution Impacts on Marine Biotic Communities - CRC Press (1998) стр. 74. ISBN 9780849384288.

Надворешни врски[уреди]