Ампер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ампер
Galvanometer 1890 drawing.png
Галванометар за мерење струја според насоката на иглата во маглетното поле што го создава струјата.
Информации за единицата
Систем: основна SI-единица
Величина: електрична струја
Макед. симбол: А
Меѓун. симбол: A
Димензија: I
Сините крукчиња се електроните што минуваат низ напречниот пресек на проводникот. Еден ампер е еднаков на кулон набој (6,241 × 1018 ел. полнежи) што минува низ пресекот во текот на една секунда.

Амперот (симб. A; крат. амп, amp[1]) е основна SI-единица за електрична струја[2] (величински симб. I, i)[3] Наречена е по францускиот физичар Андре Мари Ампер (1775–1836), основоположник на електродинамиката.

Практично изразено, амперот е мерата во која електричниот набој што минува низ некоја точка во електрично коло по единица време со 6,241 × 1018 електрони, или еден кулон во секунда што сочинува еден ампер.[4]


Дефиниција[уреди]

Илустрација на дефиницијата за ампер.

Законот за Амперовата сила (Амперов закон) вели дека привлечна или одбојна сила помеѓу две паралелни жици низ кои тече струја. Оваа сила се користи во формалната дефиниција за ампер, која вели дека „амперот е јачина на постојана електрична струја која тече низ два паралелени спроводника со неограничена должина и занемарливо мал кружен напречен пресек, што се наоѓаат во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар, и меѓу тие спроводници предизвикува сила еднаква на 2 × 10–7 њутни на метар должина.“[5]

Единицата набој во SI, кулонот, „количеството електрицитет што го носи струја од 1 ампер за време од 1 секунда“.[6] Обратно земено, струјата од еден ампер е набој од еден кулон што минува некоја точка во рок од една скунда:

\rm 1\ A=1\tfrac C s

Пократко искажано, набојот Q го определува постојана струја I што тече за време t како Q = It.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „amp“. „Oxford Dictionaries“. Oxford University Press. http://oxforddictionaries.com/definition/amp?rskey=2Wrgvl&result=3. конс. 19 ноември 2011. 
  2. „Единица за електрична струја (ампер)“. „Брошура на SI (VIII изд.)“. МБТМ. http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter2/2-1/ampere.html. конс. 19 ноември 2011.  (англиски)
  3. „Основни SI-единици“. „Брошура на SI (VIII изд.)“. МБТМ. http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter2/2-1/. конс. 19 ноември 2011.  (англиски)
  4. Bodanis, David. (2005). Electric Universe. New York: Three Rivers Press. ISBN 978-0-307-33598-2
  5. Брошура - Прилог 3: Систем SI на основни мерни единици - Биро за метрологија на РМ (македонски)
  6. „Меѓународен систем на мерни единици (SI)“, VIII изд. стр. 144. - МБТМ (англиски)

Надворешни врски[уреди]