Прејди на содржината

Лукс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луксометар за мерење на осветленоста на работното место.

Лукс (симб: lx или лк) — изведена SI-единица за осветленост и светлосна излезност која ја изразува светлосната моќ по единица површина. Се користи во фотометријата за изразување на јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око. Ова е аналогно на радиометриската единица „вати на квадратен метар“, но моќта на секоја бранова должина се пондерира согласно функцијата на светлосна делотворност, која е стандарден модел на восприемање на светлосната јачина од страна на човечкото око.

Објаснување

[уреди | уреди извор]

Осветленоста изразува во која мера светлосниот тек е праспространет врз дадена површина. Светлосниот тек (се изразува во лумени) го изразува вкупното „количество“ на присутна видлива светлина, додека осветленоста ја изразува јачината на осветлувањето на дадена површина. Извесно количесто светлина осветлува послабо ако светлината е распределена на поголема површина, па затоа осветленоста е обратнопропорционална на површината.

Според една од дефинициите, луксот е „осветление на површина на која од далечина од 1 м паѓа вертикална светлина со јачина од 1 Хефнерова свеќа“.[1]

Еден лукс е еднаков на еден лумен на квадратен метар:

1 lx = 1 lm/m2 = 1 cd·sr·m–2.

Тек од 1000 лумени насочен врз површина од еден квадратен метар ја осветлува таа површина со 1000 лукса. Меѓутоа, ако истите 1000 врз десет квадратни метри даваат само 100 лукса.

Како и другите единици од тој систем, луксот користи SI-претставки како на пример килолукс (klx) = 1000 лукса.

Осветленост Пример
10−4 лукса Вупна ѕвездена светлина, облачно небо[2]
0,002 лукса Чисто вечерно небо без месечина, со атмосферско тлеење[2]
0,01 лукса Четврт месечина
0,27 лукса Полна месечина на ведра ноќ[2]
1 лукс Полна месечина (нормално на површината) во тропскиот појас
3,4 лукса Најсилен дел од самрак под ведро небо
50 лукса Дневна соба
80 лукса Ходник/тоалет
100 лукса Многу темно облачно небо[2]
320–500 лукса Канцелариско осветлување[3]
400 лукса Изгрев или залез на ведар ден.
1 000 лукса Облачен ден;[2] типично осветлување на ТВ студио
10 000–25 000 лукса Полна дневна светлина (вон сонце)[2]
32 000–130 000 лукса Непосредна сончева светлина

Фотометриски SI-единици

[уреди | уреди извор]

Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lm⋅s T⋅J единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cd⋅sr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L−2⋅J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L−2⋅J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lx⋅s L−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lm⋅sm−3 L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M−1⋅L−2⋅T3⋅J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.
  1. „лукс“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Радиометрија и фотометрија во астрономијата: ЧПП - Паул Шлитер (англиски)
  3. Европски закон UNI EN 12464

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]