Тесла (единица)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Физичката единица на банкнота од 100 динари со ликот на Никола Тесла

Тесла (симб. T) е изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар. Усвоена е во 1960 и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.[1]

Дефиниција[уреди]

Честичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата).

Во основни SI-единици, теслата може да се изрази и како

\mathrm{1\, T = 1\,\frac{V\cdot s}{m^2} = 1\,\frac{N}{A\cdot m} = 1\,\frac{Wb}{m^2} = 1\,\frac{kg}{C\cdot s} = 1\,\frac{kg}{A\cdot s^2} = 1\,\frac{N\cdot s}{C\cdot m}}
Жива жаба лебди во магнетно поле од 16 тесли

Употребени единици:

A = ампер
C = кулон
kg = килограм
m = метар
N = њутн
s = секунда
T = тесла
V = волт
Wb = вебер

Претворање[уреди]

1 тесла е еднаква на:

10 000 (или 104) G (гаус), од системот СГС. Така, 10 G = 1 mT (милитесла), and 1 G = 10−4 T.
1 000 000 000 (или 109) γ (гами), од геофизиката. Така, 1 γ = 1 nT (нанотесла)

За изразување на нискофреквентно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:

1000 nT (нанотесла) = 1 µT (микротесла) = 10 mG (милигаус)
1 000 000 µT = 1 T

Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси. Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.

Примери[уреди]

  • 31 µT (3,1×10−5 T) - силата на магнетното поле на Земјата, на екваторот (0° ГД)
  • 5 mT - сила на магнет за фрижидер
  • 1,25 T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодимиумски магнет
  • 1 T до 2,4 T - сила на мегнет од типичен звучник
  • 1,5 T до 3 T - сила на медицинска магнетна резонанца во практичната употреба (експериментално до 17 T)[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Усвајање назива "Тесла" за међународну јединицу магнетне индукције, Електротехнички институт "Никола Тесла", Годишњи извештај за 2006. годину, Срђан Спиридоновић, ISSN 1820-256X
  2. „Ултрависоко поле“. Bruker BioSpin. http://www.bruker-biospin.com/uhf-mri.html. конс. 4 ноември 2011.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]