Греј (единица)
Греј (симб. Gy, Гр) е изведена SI-единица за апсорбирана доза на јонизирачко зрачење (на пр. X-зраци) и се дефинира апсорбираната доза во тело со маса од 1 килограм во кое со јонизирачко зрачење е внесена енергија од 1 џул.[1]
Единицата е наречена по англискиот физичар Луис Харолд Греј (1905-1965) и ја заменува традиционалната СГС единица рад (еднаква на 0,01 Gy), која во честа индустриска употреба во САД и покрај усилбите на националниот орган за станрадризација NIST.[2]
Содржина |
Дефиниција [уреди]
Еден греј е еднаков на апсорпцијата на еден џул енергија во облик на јонизирачко зрачење, поделен со еден килограм материја.
Кај рентгенските и гама зраците, ова се исти единици како сивертот (Sv). За да се избегне секаков ризик од забуна помеѓу апсорбираната доза (од материја) и еквивалентната доза (од биолошко ткиво), потребно е да се користат соодветните псоебни единици, „греј“ и „сиверт“ наместо општо „џул по килограм“.
Рентген [уреди]
Единицата рентген се дефинира како изложеност на зрачење еднакво на количината на јонизирачкото зрачење што ќе создаде полнеж од еден франклин (esu) во еден кубен сантиметар сув воздух при температура од 0 °C и стандардна атмосфера. Договорно, еден рентген е еднаков на 0,258 mC/kg (со вообичаена густина на воздухот од 1,293 kg/m3). Со енергија на јонизација на воздухот од 35 J/C, добиваме 1 Gy ≈ 111 R.
Поврзано [уреди]
- Бекерел - единица за радиоактивност
- Рад (единица)
- Рентген (единица)
- Сиверт - изведена SI-единица за дозен еквивалент на зрачење
Наводи [уреди]
- ↑ „греј“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ „NIST - Водич за единиците од SI - Единици привремено прифатени за употреба со единиците на SI“. http://physics.nist.gov/Pubs/SP811/sec05.html#5.2. (англиски)
|
||||||||||||||||||||
