Банка на Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банка на Словенија
Banka Slovenije
Logo Banka Slovenije.svg
Седиште Љубљана
Основана 25 јуни 1991
Претседател Марко Крањец
Земја Словенија
Страница www.bsi.si
Наследник Европска централна банка (2007)1
1 Многу од функциите на банката сега се во надлежност на Европската централна банка.

Банка на Словенија (словенечки: Banka Slovenije) е централна банка на Република Словенија. Таа е основана со донесувањето на Законот за Народна банка на Словенија на 25 јуни 1991 година. Нејзин прв гувернер бил Франција Архар (1991-2001), кого го наследиле Митја Гаспари (2001-2007) и Марко Крањац (2007-2013). Банката на Словенија е јавно правно лице која самостојно располага со свои сопствени средства. Банката и членовите на нејзиното тело за одлучување се потполно независни во извршувањето на своите функции и не се обврзани со одлуки, ставови и насоки од Владата или било која власт, ниту пак може да побара било какви инструкции или насоки. Но, таа е должна да поднесува периодичен извештај за своето работење на Националното собрание на Република Словенија.

Сметка во Банката на Словенија имаат само државата, државните институции, општините, банките, штедилниците и брокерските друштва. Република Словенија, преку нејзината сметка во централната банка (банка на Словенија), врши трансакции, го прима приливот на средства од даноци и други јавни давачки и ги подмирува своите обврски.

Раководство[уреди]

Управниот одбор се состои од 5 члена (гувернерот и четири вицегувернери), чиј мандат изнесува шест години. Гувернерот претседава со Управниот одбор. Гувернерот може да именува свој заменик од редот на вицегувернерите.

Монетарна политика[уреди]

Главна задача на банка на Словенија е да се грижи за стабилноста на домашната валута и да обезбеди ликвидност за плаќањата во земјата и во странство. Таа е единствениот емисионен институт во Словенија и ја има клучната улога во водењето на словенската економија. Таа, исто така, делува како супервизор на банкарскиот систем, т.е. ја следи и регулира дејноста на другите банки за да ја одржи стабилноста на банкарскиот систем. Од воведувањето на еврото во 1 јануари 2007 година (кое настапи како замена за толарот, кој дотогаш бил официјална валута на Словенија), работењето на Банката т.е извршувањто на нејзините должности е целосно во согласност со одредбите од Статутот на ЕСЦБ и ЕЦБ. На денот на воведувањето на еврото, Банката на Словенија постанала членка на Европскиот систем на централни банки, кој е составен од Европската централна банка и националните централни банки на земјите членки на ЕУ. Во согласност со Договорот за основање на Европската заедница и погореспоменатите статути, Банката на Словенија ги врши следниве задачи:[1]

  • Соуправување на официјалните девизни резерви на земјите-членки во согласност со договорот за основање на Европската заедница
  • Спроведување на заедничката монетарна политика со ЕЦБ
  • Промовирање на непречено функционирање на платните системи
  • Издавање банкноти заедно со ЕЦБ
  • Собирање статистички податоци за ЕЦБ

Словенечки толар[уреди]

Словенечкиот толар бил официјална валута на Словенија од 1991 до 2007 година. Се состоел од 100 стотини. Бил воведен во 1991 година наместо југословенскиот динар. Името настанало како комбинација од зборовите “талер” и “долар”. Од 2004 година, курсот на толарот бил врзан за курсот на еврото. На 1 јануари 2007 година, толарот бил заменет со еврото, со што Словенија станала прва нова земја-членка на ЕУ која ја вовела заедничката валута. Од тој момент, толарот како платежно средство важел само уште две недели а задолжителното двојно означување на цените на производите (во толари и евра) престанало на 30 јуни 2007 година. Толарите ги издавала Банката на Словенија.

Финансиска стабилност како обврска на банката[уреди]

Финансиската стабилност се дефинира како состојба во која компонентите на финансискиот систем (финансиските пазари, финансиските институции и финансиската инфраструктура) функционираат без системски пречки и секоја од компонентите на системот обезбедува најголем можен степен на флексибилност во справувањето со непредвидени шокови. Банката на Словенија ја промовира финансиската стабилност земајќи ги во предвид принципите на пазарна економија и слободна конкуренција.

Грижата за финансиската стабилност се должи на зголемената важност што ја има финансиската стабилност за една економија. Во 2004 година, во рамките на Банката на Словенија бил формиран и департманот за финансиска стабилност кој ги имал следниве задачи:

  • Да собира информации за појави кои влијаат на финансиската стабилност
  • Да ги обработува, анализира и презентира податоците на Управниот одбор на банката и на пошироката јавност.

Аналитичката работа на департманот за финансиска стабилност е фокусирана на работата на банките, небанкарските финансиски институции (осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови, друштва за лизинг) и финансиската инфраструктура. Овој департман ја анализира и изложеноста на ризик од други слични групи на финансиски институции и можноста тој ризик да се пренесе кон други сектори во националната економија - домаќинства, претпријатија итн. Департманот еднаш годишно спроведува посеопфатна внатрешна анализа за финансиската состојба на домашната економија. Во јуни, департманот поднесува извештај за финансиската стабилност за да се процени стабилноста на словенечкиот финансиски систем, а на есен ја оценува издржливоста на банкарскиот систем на можни шокови во форма на стрес тестирање.

Меѓународна соработка[уреди]

Зголемената важност што ја има финансиската стабилност и влезот на Банка на Словенија во Евросистемот - ЕСЦБ [2] придонеле да се развие нејзината меѓународна соработка. Директорот на одделот за Финансиска стабилност на Банката на Словенија е член на комитетот за банкарска супервизија при ЕЦБ „Банкарски надзорен комитет“, и заедно со професионалци од таа област работи на макропрудентни економски анализи. Директна соработка, исто така, се одвива во форма на билатерални средби со експерти од други национални централни банки. Соработката на работно ниво е дополнета со професионални обуки, најчесто со ЕЦБ и националните централни банки на земјите членки на ЕУ.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]