Словенечки толар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Словенечки толар
slovenski tolar (словенечки)
монета од 1 толар
монета од 1 толар
ISO 4217 код SIT
Корисник  Словенија
Инфлација 0.8%
Извор Банка на Словенија, 2005
Метод CPI
Подвалута
1/100 stotin
Монети 10, 20, 50 stotinov, 1, 2, 5, 10, 20, 50 tolarjev
Банкноти 10, 20, 50, 100, 200, 500, 1000, 5000, 10000 tolarjev
Централна банка Банка на Словенија
Мреж. место www.bsi.si

Словенечки толар или толар (ISO 4217: SIT, нумерички код 705) била официјална валута на Словенија од 1991 до 2007 година. Се состоел од 100 стотини. Бил воведен во 1991 годинa наместо југословенскиот динар. Името настанало како комбинација од зборовите ‘талер’ и ‘долар’.

Од 2004 год. курсот на толарот бил врзан за курсот на еврото. На 1 јануари 2007 г. бил заменет со еврото, со што Словенија станала прва нова земја-членка на ЕУ која ја вовела заедничката валута. Од тој момент толарот како платежно средство важел уште само две недели, а задолжителното двојно означување на цените на производите (во толари и евра) престанало на 30 јуни 2007 година[1].

Толарите ги издавала Банката на Словенија. Инфлацијата на годишно ниво изнесувала 0,8% во 2005 година.

Толарот бил издаван во апоени во вредност од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500, 1000, 5000 и 10000 толари. На банкнотите се наоѓале познати личности од словенечката политика и историја, како Примож Трубар, Јуриј Вега, Јоже Плечник, Иван Цанкар, Јанез Вајкард Валвасор и Франце Прешерн.

Наводи[уреди]

  1. Kronološki pregled procesa uvedbe evra v Sloveniji