Ахмед Нијази-бег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ахмед Нијази-бег Ресенли
Resneli Ahmet Niyazi Bey
Ahmed Niyazi Rsneli.jpg
Портрет на Нијази-бег
Роден 1873
Ресен, Македонија
Починал 17 април 1913
Валона, Албанија
убиство
Националност Албанец
Познат лидер на Младотурската револуција
Занимање потполковник

Ахмед Нијази-бег Реснели (турски: Resneli Ahmet Niyazi Bey, албански: Ahmet Njazi Bej Resnja, 187317 април 1913) — отомански војник, политичар, учесник во Младотурската револуција кој воедно е и еден од почетниците на истата во 1908 година. По потекло бил Албанец.

Биографија[уреди]

Четата на Нијази-бег.
Сарајот на Нијази-бег, денес Дом на културата во Ресен.
Нијази бег и Јане Сандански. Стојат: Мицо Врански, непознат турски чиновник, Таската Серски, д-р Авди бег и Димо Хаџи Димов, седат: Л. Козарев, Ахмед Нијази-бег, Јане Сандански, Тодор Паница и Георги Казепов

Нијази-бег е роден во Македонија, во градот Ресен според кој го добива и прекарот Ресенли или во превод ресенчанец. Во армијата го добива чинот потполковник. Бил член на битолскиот комитет „Единство и прогрес“ и бил видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година започнала Младотурската револуција. На 5 јули упатил прокламација до христијанското население во Дебар, Преспа, Струга, Ресен и Охрид во кое го повикува на заедничка борба против султановиот апсолутизам.[1]

Во април 1909 година зема учество во задушувањето на контраударот против младотурците во Истанбул.

Во 1911 година учествувал во војната против Италија за Триполитанија.

Нијази-бег бил убиен во Валона, Албанија на 17 април 1913 година, од луѓе на султанот, на пат за Истанбул. Според друга верзија тој е убиен во Драч, качувајќи се на брод.[2] Според Петар Чаулев, Нијази-бег не бил убиен по нечие решение, туку поради лична омраза и одмазда.[3]

Сарајот на Нијази-бег во Ресен од 1978 година е Дом на културата.[4]

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

  • „Спомените на Нијази“, МАНУ, Скопје, 2011.

Надворешни врски[уреди]