Арапска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Style-stub.gif
Историја на книжевноста
Античка книжевност
Арапска книжевност
Грчка книжевност
Египетска книжевност
Индиска книжевност
Јапонска книжевност
Кинеска книжевност
Македонска книжевност
Персиска книжевност
Римска книжевност

Арапската литература е најбогатата и најраспространетата семитска литература. Таа влијаела на писменоста на сите муслимански народи.

Арапската литература се дели на повеќе периоди во кои таа се здобивала со различни карактеристики.

Предисламско време (околу 500-622)[уреди]

Во предисламскиот период од развитокот на арапската литература се јавуваат само песни на номадите (наречени касиди) кои се пееле по утврден образец: се пеела и надополнувала една песна од седум различни автори (Имру ул-Кајс, Тарафа, Зухејр, Лебид, Антара, Амр ибн Кулсум и Харис ибн Хилиз), што се смета за класичен спев, а останатите нивни песни ги чинат т.н. дивани.

Период на ширење на исламот и арапската држава (622-750)[уреди]

Коранот е првото поголемо дело на арапската литература, а воедно и највлијателното.

Овој период во својот почеток значел уназадување во поезијата, па дури и најдобрите тогашни поети, како Ка'б ибн Зухејр и Хасан ибн Сабит, заостануваат зад оние од предисламскиот период. Меѓутоа, подоцна, за време на новата династија Умајада (661-750), три поети (Ахтал, Џерир и Фараздак) ги достигнуваат оние од предисламскиот период, а на нив е рамен и љубовниот поет Умар ибн Аби Раби'а.

Во овој период започнала и работата со лексикографија, филологија, историја и собирањето на старите песни, делумно поттикната со изучувањето на верските науки (толкување на Коранот, собирање на мухамедовите преданија, канонско право, теологија).

Класичен период (750-1055)[уреди]

Класичен период на арапската литература е оној во кој таа престанува да биде чисто национална и постанува збир од заедничката работа на сите исламски народи кои зборувале арапски јазик, па вклучува и многу Персијци, Турци, Бербери и други.

Класичниот период се дели на неколку класични векови.

Прв класичен век (750-847)[уреди]

Првиот класичен век ги дал главните верско-правни школи, две филолошки школи (во Басра и Куфа ), првите биографи и историчари, првите рационалистички теолози, нов правец во поезијата, големата антологија Химаса; потоа преводите на грчките дела (кои имале големо влијание), па математичари, астрономи, географи, философи и Џахиза, основач на арапската литературна проза.

Втор класичен век (847-945)[уреди]

Овој век се карактеризира со ортодоксна реакција и намалување на грчкото влијание. Сепак, во верската традиција се запазува напредок, бидејќи таа не се изучувала толку поради теологијата, а поради практичните (правни) потреби. Тогаш делувале познатите географи (Мас'уди, Истахри); патописци (Ибн Фадлан и Ибн Ја'куб); историчари (Балазури, Ја'куби и Табари) и Ибн Кутејба, познат како основач на багдадската филолошка школа, а бил и критичар, есеист и антолог. Други познати поети биле Бухтури, Ибн ел-Мутаз, Ибн Давуд и Рази.

Трет класичен век (945-1055)[уреди]

Arabic manuscript for the Maqamat Al-Hariri مقامات الحريري back to the 12th century

Овој век донесува децентрализација на литературата (Багдад не е повеќе единствен центар). Во Сирија се истакнале поетите Абу Фирас, Мутанаби и Абу'л-Фараџ Исфахани, философот Фараби, проповедникот Ибн Нубата. Во Ирак делувал историчарот Ибн Мискавејх и библиографот Надим, а таму настанала и Енциклопедија Чисти браќа. Во источните персиски земји работеле најголемите исламски научници Абу Рејхан ел-Бируни и Ибн Сина, историчарот Са'алиби и првиот писател на маками - Хамадани. Фатимидите во Египет и Тунис им помагале на научниците, философите и книжевниците, но ортодоксијата подоцна ги уништила скоро сите дела обоени со фатимидска (исмаилска) ерес. Во тоа време (750-1091), Шпанија го дала антологот Ибн'Рабд Рабихија, поетите Ибн Зајдуна и Му'тамида, прозниот писател Ибн Хазма (чијашто книга за љубовта Голубовски ѓердан е преведена на повеќе европски јазици), и филологот Калија.

Посткласичен период[уреди]

"Bayad palys the oud to the lady",Arabic manuscript for Qissat Bayad wa Reyad tale from the 12th century


Посткласичниот период од развитокот на арапската литература започнува со влезот на Селџуците во Багдад во 1055 година и трае до пропаста на багдадскиот калифат во 1258. Овој период претставува постепено намалување на литературната дејност, иако во многу земји сè уште имало писатели од вредност: во Ирак и Персија убавата литература ја застапуваат Харири и Тугра'и, географијата и биографијата ги застапувал Јакут, а теологијата големите автори (Газали, Замахшари, Рази и Шахристани). Во Египет и Сирија, кои по пропаста на Фатимидите (1171) се соединиле, процветало песништвото (Ибн 'Араби и Ибн ал Фарид), историографијата (Ибн ал Асир и Имадудин Исфахани), библиографијата (Ибн Халикан), а тогаш се појавила и првата арапска автобиографија на Усаме ибн Мункиз. На Сицилија (која тогаш била под арапска власт) се истакнале Ибн Хамдис како поет, Идриси како географ и Ибн Зафар како писател на некој вид есеи. Во Шпанија се појавил нов вид на песни во строфи и на народен јазик, т.н. зеџел (трубадурот Ибн Кузман). Во Шпанија живееле и познатиот патописец Ибн Џубејр и 4 мислители (Ибн Баџа, Ибн Туфејл, Ибн Рушд и Ибн Саб'ин), чија философија делумно делувала и на европската.

Мамлучки период (1258-1800)[уреди]

The Arabic version of Arabian Nights Kitab alf Layla wa layla ألف ليلة وليلة

Тоа било време на непрестајно опаѓање, иако Египет по падот на Багдад и победата над Монголите и крстоносците постанал претставник на исламските цивилизации и (со Сирија) наследник на источната арапска литература.

Во првата половина на мамлучкиот период (до турското освојување во 1517), Египет и Сирија го имале само Бусирија како познат поет, Макризија и Ибн 'Арабшаха како историчари и уште неколку научници, како Димишки, Сујути и други, но го дале конечниот облик на 1001 ноќ и некои популарни романи (за 'Антари, пустинскиот јунак и поет; за султанот Бајбарс од крстоносните војни). За тоа време, Шпанија и Северозападна Африка го дале прочуениот патописец Ибн Батуту, одличниот историчар и социолог Ибн Халдуна, а во убавата литература само Ибн ел-Хатиба.

Во втората половина на мамлучкиот период (1517-1800) сè е во знакот на потполен застој. Во вој период имало само неколку важни писатели (литературниот историчар Маккари, библиографот Хаџи Халифа и филологот Муртеда), но со ширењето на исламот настанале и некои дела на арапски дури и во Индија, на Малајскиот Архипелаг итн.

Ново време[уреди]

За новото време во арапската литература се смета дека трае од наполеоновиот поход на Египет, по што таа доаѓа во контакт со европската и го опфаќа целиот XIX век.

Современ период[уреди]

Современиот период на оваа литература се јавува во втората половина на XIX век, кога настануваат многу преводи од европските јазици. Арапите постепено се прилагодуваат на новите прилики и се појавуваат нови оригинални историски романи (од Зајдан Џирџиј) и арапски трагедии (од Неџиб ел-Хадада), а многу напредува и журналистиката, која воедно и развива вкус за читање на литературните дела. Во XX век има многу обиди за новели, но нивните прави основачи - браќата Мухамед и Махмуд Тајмур се изразени реалисти. Мухамед (кој умрел 1921) оставил 2 комедии, 1 драма и 1 опера. Поезијата во овој период најмногу се потпира на традицијата на минатото, но и во тој најконзервативен литературен род се запазува и француското влијание и кај најмодерниот поет Ахмед Шавкиј. Значаен е бројот на литературни историчари и критичари, а со најголем успех работи Таха Хусејн, кој напишал повеќе романи и патописи.

Надворешни врски[уреди]