Јулија Тимошенко
Јулија Володимиривна Тимошенко (украински: Юлія Володимирівна Тимошенко, родена како Григјан[4][5], МФА: ['julijɑ ʋɔlɔ'dɪmɪriʋnɑ tɪmɔ'ʃɛnkɔ]; родена на 27 ноември 1960 во Днепропетровск, Украинска ССР) — украинска политичарка.
Во 1999-2001 била вицепремиерка во кабинетот на премиерот Виктор Јушченко. Тимошенко била премиер на Украина во периодот од 24 јануари до 8 септември 2005, и по вторпат од 18 декември 2007 до 4 март 2010 година.[6][7]. Нејзин наследник е Николај Азаров. Таа е водач на партиите „Татковина“ (Батьківщина) и на „Блокот на Јулија Тимошенко“. Тимошенко постојано ја носи традиционалната украинска фризура „кокошник“.
Таа по професија е економист. Пред да ја започне својата политичка кариера, Јулија Тимошенко била успешна, но контроверзна стопанственичка во гасната индустрија, станувајќи според некои проценки еден од најбогатите луѓе во земјата. Во времето на Портокаловата револуција го поддржуваше Јушченко. По Јушченко и Јанукович, Јулија Тимошенко е третиот најпознат и најмоќен политичар во Украина.
Тимошенко била кандидат на украинските претседателски избори од 2010[8] но ги изгубила изборите од Виктор Јанукович (Тимошенко добила 45,47% од гласовите во вториот круг[9][10]. Тимошенко во врска со изборните резултати, изјавила дека изборите биле лажирани,[11][12], но ја повлекла својата жалба на 20 февруари 2010 година наведувајќи дека е јасно дека судот нема да може со сигурност да ја утврди вистината[13].
На 5 август 2011 година, Тимошенко била уапсена под обвинение за "злоупотреба на службената должност" при потпишувањето на "Договорот за снабдување со гас за Украина во 2009 година", но Јавното обвинителство воопшто не ја обвинил Тимошенко за "корупција или проневера на средства".[14] Меѓународните организации, претставници на Европската унија и САД, го нарекле ова апсење „политички прогон на водачот на опозицијата“.
На 11 октомври 2011 година, Судот во Киев ја прогласил Тимошенко за виновна поради надминување на овластувањата при потпишувањето на договорите со Русија за доставување гас во 2009 година. Тимошенко била осудена на седум години затвор.
Парламентарни избори
[уреди | уреди извор]- Во 2002 година, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 7,2% (21 од 450 пратенички мандати)
- Во 2006 година, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 22,29% (129 од 450 пратенички мандати)
- Во 2007 година на Вонредни Избори, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 30,71% (156 од 450 пратенички мандати) и го задржува правото на формирање на влада.
Парламентарни избори 2007
[уреди | уреди извор]На Вонредните Парламентарните избори 2007, „проевропските“ Блокот на Јулија Тимошенко (Блок Юлії Тимошенко) и партијата на Јушченко, Наша Украина (Наша Україна), освои најмногу гласови (30,71%; 14,15%). Еден од водачите на НУ - Арсениј Јацењук станува претседател на Врховната рада, а водачот на БЈТ Јулија Тимошенко на 18 декември доби мандат за создавање на нова влада од Врховната Рада на Украина. Тимошенко доби 226 гласови од 226 потребни, за новата влада (Кабинетот на Министри на Украина) на Тимошенко гласаа 227 пратениците од 226 потребни.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лично мрежно место на Јулија Тимошенко (на англиски) Архивирано на 12 април 2006 г.
- Аудио и видео за Тимошенко avi, mp3 Архивирано на 30 август 2009 г.
- Фото архива Архивирано на 14 април 2009 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јадрена енергија во Украина, Меѓународен центар за јадрена безбедност (јули 1997)
- ↑ Мислење на експертите, IMEPOWER Investment Group
- ↑ „Кучма ја разреши Тимошенко“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-01-13.
- ↑ „"Azeri reporter pesters Yulia Timoshenko about being Armenian". Site "Ukrayinska Pravda", 26 December 2004“. Архивирано од изворникот на 2011-08-20. Посетено на 2011-08-20.
- ↑ Yuliya Tymoshenko, 12 November 2007.
- ↑ Ukraine parliament votes out Tymoshenko's government, Kyiv Post (3 March 2010)
- ↑ Press secretary: Tymoshenko vacates premier's post, Kyiv Post (4 March 2010)
- ↑ Ukraine PM to stand for president, BBC News (7 June 2009)
- ↑ Ukrainian PM to face old rival in runoff election, Reuters (18 January 2010)
- ↑ (украински)Regular elections of the President of Ukraine 17 January 2010, Central Election Commission of Ukraine
- ↑ „Tymoshenko calls Ukraine vote rigged“. Associated Press. (14 February 2010)
- ↑ Yulia Tymoshenko's appeal to the people Архивирано на 17 февруари 2010 г., Official website of Yulia Tymoshenko (13 February 2010)
- ↑ Ukraine Prime Minister Drops Election Challenge, NY Times (20 February 2010)
- ↑ Ukraine court orders arrest of ex-PM Yulia Tymoshenko BBC
|