Јулија Тимошенко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јулија Тимошенко
Юлія Тимошенко
Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко


17ти, 20ти Премиер на Украина
Во служба
На функција од 
18 декември, 2007
Претходник Микола Азаров
Следбеник Јуриј Јехануров
Претходник Виктор Јанукович
Следбеник Микола Азаров

Родена 27 ноември 1960
Flag of Ukrainian SSR.svg Днепропетровск, Украинска ССР
Партија Блокот на Јулија Тимошенко
Сопружник Олександар Тимошенко
Религија христијанин

Јулија Володимиривна Тимошенко (украински: Юлія Володимирівна Тимошенко, родена како Григјан[1][2], МФА: ['julijɑ ʋɔlɔ'dɪmɪriʋnɑ tɪmɔ'ʃɛnkɔ]) (родена на 27 ноември 1960 во Днепропетровск, Украинска ССР) е украинска политичарка.

Во 1999-2001 била вицепремиерка во кабинетот на премиерот Виктор Јушченко. Тимошенко била премиер на Украина во периодот од 24 јануари до 8 септември 2005, и по втор пат од 18 декември 2007 до 4 март 2010 година.[3][4]. Нејзин наследник е Микола Азаров. Таа е Лидер на партиите „Татковина“ (Батьківщина) и на „Блокот на Јулија Тимошенко“. Тимошенко постојано ја носи традиционалната украинска фризура „кокошник“.

Таа по професија е економист. Пред да ја започне својата политичка кариера, Јулија Тимошенко била успешна, но контроверзна бизнисменка во гасната индустрија, станувајќи според некои проценки еден од најбогатите луѓе во земјата. Во времето на Портокаловата револуција го поддржуваше Јушченко. По Јушченко и Јанукович, Јулија Тимошенко е третиот најпознат и најмоќен политичар во Украина.

Тимошенко била кандидат на украинските претседателски избори од 2010[5] но ги изгубила изборите од Виктор Јанукович (Тимошенко добила 45,47% од гласовите во вториот круг[6][7]. Тимошенко во врска со изборните резултати, изјавила дека изборите биле лажирани,[8][9], но ја повлекла својата жалба на 20 Февруари 2010 година најведувајќи дека е јасно дека судот нема да може со сигурност да ја утврди вистината[10].

На 5 август 2011 година, Тимошенко била уапсена под обвинение за "злоупотреба на службената должност" при потпишувањето на "Договорот за снабдување со гас за Украина во 2009 година", но Јавното обвинителство воопшто не ја обвинил Тимошенко за "корупција или проневера на средства".[11] Меѓународните организации, претставници на Европската унија и САД, го нарекле ова апсење "политички прогон на лидерот на опозицијата".

На 11 октомври 2011 година, Судот во Киев ја прогласил Тимошенко за виновна поради надминување на овластувањата при потпишувањето на договорите со Русија за доставување гас во 2009 година. Тимошенко била осудена на седум години затвор.

Содржина

[уреди] Парламентарни избори

Логото на партијата
  • Во 2002 година, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 7,2% (21 од 450 пратенички мандати)
  • Во 2006 година, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 22,29% (129 од 450 пратенички мандати)
  • Во 2007 година на Вонредни Избори, „Блокот на Јулија Тимошенко“ освои 30,71% (156 од 450 пратенички мандати) и го задржува правото на формирање на влада.

[уреди] Парламентарни избори 2007

На Вонредните Парламентарните избори 2007, „проевропските“ Блокот на Јулија Тимошенко (Блок Юлії Тимошенко) и партијата на Јушченко, Наша Украина (Наша Україна), освои најмногу гласови (30,71%; 14,15%). Еден од лидерите на НУ - Арсениј Јацењук станува претседател на Врховната Рада, а лидерот на БЈТ Јулија Тимошенко на 18 Декември доби мандат за создавање на нова влада од Врховната Рада на Украина. Тимошенко доби 226 гласови од 226 потребни, за новата влада (Кабинетот на Министри на Украина) на Тимошенко гласаа 227 пратениците од 226 потребни.

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици