Јегуновска тврдина

Координати: 42°05′57″N 21°08′30″E / 42.09917° СГШ; 21.14167° ИГД / 42.09917; 21.14167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јегуновска тврдина

План на наоѓалиштето

Карта

Местоположба 42°05′57″N 21°08′30″E / 42.09917° СГШ; 21.14167° ИГД / 42.09917; 21.14167
Основни податоци
Место Јегуновце
Општина Јегуновце
Тип

 утврдена населба


Период неолитско време
хеленистичко време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Јегуновска тврдинаархеолошко наоѓалиште над селото Јегуновце, Тетовско, во подножјето на Жеден, на ридот Градиште. Според проценките на археолозите наоѓалиштето датира од доцниот неолит. Според ископувањата се докажува дека тврдината и гратчето под неа, што се наоѓаат во Дервенската Клисура, биле живеалиште во континуитет од бронзеното време, сè до XIX век.[1][2][3][4]

Местополжба и важност[уреди | уреди извор]

Тврдината на не многу високиот рид со населби во подножјето, крај Дервенската Клисура, со својата посебна важност како утвден пункт од каде што се бранела важна комуникација, има значење на темел на македонската цивилизација. утврдувањето, што датира две илјади години пред новата ера, во континуитет до XIX век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и скопскиот регион. Симптоматично, важноста на оваа комуникација завршува по доаѓањето Турците, кои губат интерес за него на сметка на патот на север од Скопје.

Културните хоризонти на трагите на ова јако утврдено гратче, од доцниот неолит, преку хеленистичкиот, или македонистичкиот период, доцната антика и средниот век, допираат до XIX век, отсликувајќи организирано и богато општество со автентична култура.

Наоди[уреди | уреди извор]

Според Среќко Јованоски, директор на Tетовскиот музеј, досега се откриени монети, делови од стрели и копја, остатоци од градби, бронзени предмети и разни алатки. Керамиката е застапена уште од бронзеното време, а наодите велат дека имало солидна архитектура и покрај аграрот и сточарството, се живеело и од златарскиот занает.

Утврдувањето што 2000 години пред новата ера, во континуитет до XIX век има функција на почетен одбранбен пункт на патот што ги поврзува Полог и Скопско.

Населби[уреди | уреди извор]

Населби од времето на неолитот, античкиот период и на средниот век се евидентирани во првата фаза од археолошкото ископување на археолошкото наоѓалиште Градиште, оддалечен четири километри од сетоло Јегуновце. Ископувањето го вршеле вработените во Музејот на Тетово, под раководство на д-р Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за Историја на уметноста со археологија, при Филозофскиот факултет од Скопје.

Наоѓалиштето на одреден начин претставувало тврдина сместена во подножјето на планината Жеден крај Дервенска Клисура, која, пак, го контролирала патот преку кој Полошката Котлина се поврзувала со Скопје и Скопската Котлина. Тука луѓето континуирано живееле од неолитот до средниот век.

Галерија[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Археолошки локалитет кај Јегуновце од доцниот неолит“. А1. 9 ноември 2002. Посетено на 30 октомври 2010.
  2. Алексова Б., 1959, 217
  3. Микулчиќ И., 1971а, 466
  4. Микулчиќ И, ТИР 66.