Стожер (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ревија во издание на Друштвото на писателите на Македонија.

Првиот број излегол во 1996 година под името Стожер: весник на Друштвото на писателите на Македонија, како месечник за литература, култура и уметност.

Во 1999 година поднасловот на ревијата е „месечна ревија за литература, култура и уметност“, а од 2001 година „ревија за литература, култура и уметност“.

Главни уредници на „Стожер“ биле: Светлана Христова-Јоциќ (1996-2000), Тодор Чаловски (2000-2002), Васил Дрвошанов (2002-2005), Борис Вишински (2005-2008), Горјан Петревски (2008-2011), Александар Поповски (2011-2014), Петре Димовски (2014-2018), Трајче Кацаров (2018-2022), Славчо Ковилоски.[1]

Уредници на ревијата „Стожер“ биле македонските писатели и книжевни дејци: Стефан Марковски, Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Виолета Танчева-Златева, Делвина Крлуку, Науме Радически, Иван Додовски, Есад Бајрам и други.

Форматот на ревијата е 29 сантиметри, а последните години излегува четирипати годишно.

Ревијата е достапна на мрежното место на Друштвото на писателите на Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Стожер : весник на Друштвото на писателите на Македонија : месечник за литература, култура и уметност / [главен и одговорен уредник Светлана Христова-Јоциќ] :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2022-06-03.
  2. „Стожер – Друштво на писатели на Македонија“. Посетено на 2022-06-03.