Лилјана Пандева
Изглед
Лилјана Пандева (Ново Село (Струмичко), 1964) — македонски поет, раскажувач и романописец.[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Лилјана Пандева дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. На истиот факултет магистрирала на тема: „Поетските фигури на формата во македонската книжевност меѓу традицијата и иновацијата“, а докторирала на тема: „Адвербијализацијата во македонскиот јазик“.
Добитник на две откупни награди за краток расказ на „Нова Македонија“.
Автор е и на повеќе стручни трудови од областа на македонистиката.
Нејзините дела се преведувани на германски, на српски и на руски јазик.
Дела
[уреди | уреди извор]- Новогодишни едночинки, драмулетки за деца;
- Канцелариски колумни, раскази;
- Љубов од А до Ш и обратно, поезија;
- Од агендата на Калина Калин, роман;
- Возовите на Луцерн, роман;
- Доилката, роман;
- Дневници на една љубов, роман;
- Класифицирано, роман.
Награди
[уреди | уреди извор]- 2016 - Награда „Стале Попов“[2];
- 2021 - Награда „13 Ноември“[3]
Романот Класифицирано беше во најтесна конкуренција за Рациново признание во 2020 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Класифицирано.ПМВ Публикации,Скопје, 2029
- ↑ „ДПМ ги објави добитниците на наградите за најдобри книжевни дела во 2016 година“. Архивирано од изворникот на 2020-12-05. Посетено на 6 мај 2020.
- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.